Суперјато![]() Суперјато — голема група од помали галактички јата или галактички групи кои се меѓу најголемите познати структури во космосот. Млечниот Пат е во месна група на галаксии поточно во суперјатото Ланијакеја. Ова суперјато е големо околу 500 милиони светлосни години (мсг), додека Месната Група е околу 10 мсг. Во досега испитаната вселена се верува дека има 10 милиони суперјата. Галаксиите се групирани во јата наместо да бидат расфрлани без ред. Јатата на галаксии се групирани и заедно гормираат суперјата. Обично, суперјатата содржат дузина од поединечни јата на одреден простор од околу 150 мсг. За разлика од јатата, суперјатата не се споени поради гравитацијата. Сите тие се движат во спротивна насока едни од други поради законот на Хабл. Нашата галаксија припаќа на Месната Група која е сиромашно и нерегуларно јато на галаксии. Сиромашните јата можат да содржат стотици, дури и илјадници галаксии. Месната Група е блиску до Месното Суперјато (уште познато како Девица) во пречник од 100 мсг. Месното суперјато содржи 1.015 пати повеќе маса од Сонцето. Најголемото јато во месната вселена се нарекува „Големиот Привлекувач“ неговата гравитација е толку силна што Месното суперјато, во кое се наоѓа Млечниот Пат, се движи во негова насока со брзина од неколку стотици километри во секунда. Најголемото суперјато надвор од месната вселена е нишката Персеј-Пегаз. Во него ги содржи суперјатото Персеј кое е големо неколку милијарди светлосни години. Од тоа што досега е познато, тоа е најголемата структура во вселената. Ова суперјато било откриено од Давид Батунски и Џек Бернс од Универзитетот во Ново Мексико. Распределеност: космички празнини и листовиСпроведени се истражувања со цел да се разбере начинот на кој суперјатата се распоредени во просторот. Се користат мапи за да се прикажат позициите на 1,6 милони галаксии. Тридимензионални мапи се користат за да се разбере позицијата на овие суперјата. За да се прикажат тридимензионално на карта, за пресметување се користат позицијата на галаксијата на небото како и црвеното поместување на галаксијата. Црвеното поместување се користи со законот на Хабл, со цел да се прикаже нејзината тридимензионална позиција во просторот. Од овие мапи е откриено дека галактичките суперјата не се распоредени памномерно низ целата вселена туку се чини дека се лежат по должина на нишки. Мапите откриваат голени празнини каде има само неколку галаксии. Некои темни галаксии или водородни облаци може да се пронајдат во некои празнини, но повеќето галаксии се најдени на листови помеѓу празнините. Празнините се често топчести но суперјатата не се. Тие може да се големи од 100 милиони до 400 мсг во пречник. Шемата на празнини и листови содржи информации за тоа како галаксиите се образувале во вселената. Постои сунѓер теорија која често се користи и го споредува сунѓерот како модел на групи на галаксии во вселената — дупките се празнините а другите делови се местоположбата на суперјатата. Постоење![]() Постоењето на суперјатата покажува дека галаксиите во вселената не се рамномерно распоредени, повеќето од нив се привлечени во групи и јата, и тоа групите содржат околу дузина галаксии, додека јатата и до неколку илјадници галаксии. Тие групи и јата и друготе изолирани галаксии заедно прават ги прават големите структури — суперјатата. Нивното постоење за првпат беше спомнато од страна на Џорџ Ејбел во неговиот Ејбелов каталог од 1958 г. за галактичките јата. Тој ги нарекува “јата од втор ред” или јата од јата. Суперјатата прават масивни структури од галаксии, наречени “нишки”, “комплекси од суперјата”,”ѕидови” или “листови”, кои можат да се широки од неколку стотици до 10 милијарди светлосни години, да покриваат повеќе од 5% од видливата вселена. Набљудувањата на суперјатата ни кажуваат нешто за првата состојба на вселената кога се образувале. Насоките на вртежните оски на галаксиите во суперјатата исто така може да не информираат за процесот на раното образување на галаксиите во историјата на вселената. Помеѓу суперјатата има големи просторни празнини во кои постојат неколку галаксии. Суперјатата често се поделени на групи јата наречени галактички облаци. Список на суперјатаБлиски суперјата
Далечни суперјата
Многу далечни суперјата
ДијаграмПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia