Сферна астрономија![]() Сферна астрономија или положбена астрономија — гранка на набљудувачката астрономија чија задача е пронаоѓање на астрономски тела на небесната сфера гледани на даден датум, време и место на Земјата. Се служи со математичките методи на сферната геометрија и мерењата на астрометријата. Ова е најстарата гранка на астрономијата која се практикува уште од стариот век. Набљудувањата на небесните тела отсекогаш биле значајни во религијата и астрологијата, како и за цели на времемерење и морепловство. Науката која се занимава со мерење на положбите на небесните тела се нарекува астрометрија. Главните елементи на сферната астрономија се небесните координатни системи и времето. Координатите на небесните тела се наведени со екваторскиот координатен систем, кој се води според проекцијата на Земјиниот екватор врз небесната сфера. Положбата на едно тело во овој систем се изразува со ректасцензија (α) и деклинација (δ). Ширината и месното време може да послужат за изведување на положбата на телото во хоризонтскиот координатен систем, кој се состои од висина и азимут. Координатите на тела како ѕвездите и галаксиите се табеларнно се претставуваат во ѕвезден каталог, каде се дадени положбите за дадена година. Меѓутоа, здружените ефекти на осната прецесија и нутација предизвикуваат мали промени во координатите со тек на време. Овој проблем се решава со повремено објавување на прилагодени каталози. За да се одреди положбата на Сонцето и планетите, се служиме со астрономска ефемерида (табела со вредности на која се дадени положбите на астрономските тела на небото во дадено време), која потоа може да се претвора во соодветни практички координати. Голото око е способно да види околу 6.000 ѕвезди, од кои половината се под хоризонтот во секое време. На современите небесни карти, небесната сфера е поделена на 88 соѕвездија. Секоја ѕвезда е сместена во некое соѕвездие. Како такви, соѕвездијата се мошне корисни во морепловството. Северницата се наоѓа речиси строго на север од набљудувачот на северната полутопка. Оваа поларна ѕвезда секогаш е во положба речиси непосредно над Северниот Пол. Положбени појави
Древни градби поврзани со положбената астрономија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia