ТАВ Аеродроми
TAВ Аеродроми Холдинг (Tepe Akfen Vie) беше создадено од резултат на заедничко вложување меѓу Тепе и Акфен Холдинг групи и Airport Consulting Vienna во 1997. ТАВ Аеродроми е водечкиот оператор на аеродроми во Турција според статистиките за патници на DHMI во 2010 кои вклучувал и трансферни патници. ИсторијаНа 12 март 2012, ТАВ го претставил планот за продажба на 38% од акционерскиот капитал на фирмата кон групата Aéroports de Paris за вкупна цена од 874 милиони USD. Продажбата беше утврдена на 32% на последната понуда на компанијата. Двете компании овозможуваат опслужување на 180 милиони патници во вкупно 37 аеродроми.[1] Директорот Хамди Акин и извршниот директор Сани Сенер продолжија на нивните позиции.[2][3] Во октомври 2015, ТАВ Аеродроми победи со понудената цена од 717 милиони евра за 20 годишен договор за изнајмување на Аеродромот Бодрум-Милас.[4] Во САД, ТАВ влезе со победување на понудата за Duty Free деловите од Аеродромот Џорџ Буш .[4] Во јануари 2016, извршниот директор на ТАВ Аеродроми, Сани Садер, најавил дека имаат намера да влезат во иранскиот пазар.[5] АктивностиФирмата оперира со Аеродром Ататурк Истанбул (еден од најпрометните аеродроми), Аеродромот Есенбога Анкара, домашните и меѓународните терминали, Аеродромот Аднан Мендерес Измир меѓународен терминал и Аеродромот Газипаша Анталија во Турција, Аеродромот Тбилиси и Аеродромот Батуми во Грузија, Аеродромот Монастир Хабиб Бургиба и Аеродромот Енфида-Хамамет во Тунис, Аеродромот Александар Велики Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид во Македонија.[6][7] ТАВ се настојува и кон други делови од аеродромите како: Duty Free продавници, продавници за јадења и пијалаци, услуги на земја, информациски технологии, обезбедување и сервици. Аеродромите на ТАВ опслужуваат околу 420 илјади летови и 48 милиони патници просечно секоја година. Во 2010, 55% од приходите на фирмата се не-авиациски. Генерирала 753 милиони евра консолидирани приходи [8] Акциите на компанијата се изложени на Истанбулската берза од 23 февруари 2007, под името ТАВХЛ .[9] Управувани аеродроми[10]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia