Таганрошки Залив

Таганрошкиот залив (бр. 15) на сателитска снимка на Азовското Море.
Заливскиот брег со провлакот Белосарајска.

Таганрошки Залив (руски: Таганрогский залив, украински: Таганрозька затока) — североисточен продолжеток на Азовското Море кој може да се смета и за поплавен естуар на реката Дон.

Географија

Заливот има улога на природна граница помеѓу кубањскиот брег од руска и северноазовското приморје од укранска страна. Државната граница во ова подрачје сè уште не е утврдена.

На североисточниот крај на заливот се наоѓа устието на реката Дон, широко 31 км и со средна длабочина од 5 м. Во постудените зими замрзнува од декември до март.

Во Таганрошкиот Залив се влеваат и реките Калмиус и Миус. Овој дотек на вода е главен чинител на тековниот развој во приморското подрачје.[1]

Предели и места

Устието изобилува со песокливи провлаци кои делумно го заградуваат, од кои позабележителни се Долгаја на југ и Белосарајска од север. Има и низа песочни островчиња. Поважни водотеци кои се влеваат во заливскиот слив се реките Дон, Калмиус, Миус и Јеја.

Најголеми пристанишни места се градовите Таганрог и Јејск во Русија и Мариупол во Украина. Неколку километри спротиводно по Дон лежи и градот Ростов на Дон.

Вода

Заливот се одликува со интересна нерамномерност во соленоста на водата. Во источниот, најплиток дел од заливот водата е послатка поради дотурот на речна вода од Дон, а на запад таа е прилично посолена.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Taganrog Bay“. Giduss.info. Архивирано од изворникот на 2013-01-24. Посетено на 8 February 2013.

Надворешни врски

46°59′09″N 38°26′58″E / 46.9859°N 38.4494°E / 46.9859; 38.4494

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya