Тамара Котевска
Тамара Котевска (родена на 9 август 1993 година во Прилеп) — македонска режисерка, најпозната по својот документарен филм „Медена земја“ од 2019 година. ЖивотописКотевска е родена во Прилеп. Добила стипендија за едногодишен престој во 3-та година од средното образование во САД, во Тенеси[1]. Дипломирала на Факултет за драмски уметности на Св. Универзитет „Кирил и Методиј“ во Скопје, со акцент во документарниот филм[2]. КариераЗаедно со Љубомир Стефанов, Котевска поминала три години снимајќи го документарниот филм за дивиот женски пчелар Хатиџе[3][4]. Филмот првично требало да биде краток документарен филм за регионот на реката Брегалница, кога наишле на пчелар[5][6]. Котевска и Стефанов претходно работеле заедно на друг документарен филм, Езеро од јаболка (2017)[7] . Медена земја освоил три награди на филмскиот фестивал „Санденс“ во 2019 година[8] и добил две номинации на 92-то издание на Оскар: Најдобар документарен филм и Најдобар странски филм. Тоа е втор македонски филм кој добил номинација за Оскар по „Пред дождот“ (1994)[9][10]. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia