Тангањика (држава)
Тангањика (свахили: Tanganyika) ― суверена држава, која го зафаќала копнениот дел од денешна Танзанија, и која постоела од 1961 до 1964 година. На 9 декември 1961 година добила независност од Обединетото Кралство како царство од Комонвелтот[1] на чело со кралицата Елизабета II. Една година подоцна станала република во рамките на Комонвелтот на нациите. По потпишувањето на Статутот за Унија на 22 април 1964 година и усвојувањето на Актот за унија на 25 април, Тангањика официјално се обединила со Народна Република Занзибар и на 26 април 1964 година (кој денес е државен празник во Танзанија - Ден на Унијата) била основана Обединетата Република Тангањика и Занзибар.[2] Една година подоцна, новоформираната држава го променила своето име во Обединета Република Танзанија.[3] ИсторијаТангањика ја зафаќала територијата на Тангањика, британски дел од Германска Источна Африка, која Британците ја добиле како мандат од Друштвото на народите во 1922 година, а по Втората светска војна била трансформирана во Територија на Обединетите нации. Вториот по големина дел од Германска Источна Африка бил доделен под белгиско старателство, од кој подоцна ќе настанат денешните држави Руанда и Бурунди. Со Законот за независност на Тангањика од 1961 година доверената територија на Обединетите нации станала независна и суверена држава Тангањика, со Елизабета II како кралица на Тангањика. Уставните должности на монархот најчесто ги извршувал генералниот гувернер на Тангањика. Во 1962 година, Тангањика усвоила нов устав со кој се укинува монархијата, а Националното собрание (во чиј состав мнозинството имала Партијата на Африканската национална унија Тангањика) направило драстични промени во новиот устав за да се создаде силна извршна власт, односно претседател.[3] Тангањика станала република во рамките на Комонвелтот на нациите, а Џулиус Њерере бил избран за претседател на Тангањика. По Унијата на Занзибар и Тангањика, на сила стапил привремен устав кој всушност со мали промени се засновал на Уставот од 1962 година. Иако требало да бидат привремени, уставите останале на сила до 1977 година.[3] Обединувањето на Тангањика и Занзибар во 1964 година ја следела идеологијата на Њерере - Уџамаа, која се залага за силен „територијален национализам“.[4] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia