Тековна сметка е дел од билансот на меѓународните плаќања. Таа ги прикажува тековните трансакции со странство во текот на определен временски период.
Опис
Тековната сметка ги претставува тековните трансакции помеѓу резиденти и нерезиденти чија цел не е трансфер на капитал. На пример, доколку еден Французин увезе американски фармерки, трансакцијата влегува во сметките за платниот биланс на САД како кредит на тековнaта сметка.[1] Тековната сметка се состои од четири дела:
- Стоки: увоз и извоз
- Услуги: Туризам, транспорт и останати услуги (телекомуникациони, инвестициони работи, деловни услуги)
- Доход: Надомест за вработени, доход од инвестиции (исплати на дивиденди, камати)
- Тековни трансфери: официјални и приватни.
Важноста на тековната сметка може да се воочи од нејзината декомпозиција претставена во следниов облик:
- CA = Y – (C + I + G) = Y – A,
каде што A = C + I + G и се нарекува апсорпција или вкупна домашна потрошувачка на стоки и услуги.
Тековната сметка сигнализира дали една земја е нето-должник или нето-кредитор. Кога една земја заработува повеќе отколку што троши (CA = Y – A > 0), таа е нето-кредитор во однос на остатокот од светот. Обратно, земјата која има дефицит на тековната сметка троши повеќе отколку што заработува (CA < 0 и A > Y), и таа разлика мора да ја покрие со задолжување во странство.[2]
Салдото на тековната сметка по одделни региони (во мрд. долари)[3]
Регион |
2003 |
2004 |
2005 |
2006 |
2007 |
2008 |
2009
|
Развиени земји |
-220,1 |
-213,8 |
-394,0 |
-454,5 |
-389,6 |
-465,0 |
-371,3
|
САД |
-523,4 |
-625,0 |
-729,0 |
-788,1 |
-731,2 |
-673,3 |
-393,2
|
Евро-зона |
43,0 |
117,0 |
40,9 |
31,5 |
20,4 |
-95,5 |
-133,8
|
Јапонија |
136,2 |
172,1 |
165,7 |
170,4 |
211,0 |
157,1 |
76,4
|
Други земји |
124,1 |
122,2 |
128,3 |
131,6 |
110,2 |
146,7 |
79,3
|
Земји во развој |
151,3 |
226,1 |
447,8 |
630,6 |
633,4 |
714,4 |
262,4
|
Африка |
-4,5 |
2,8 |
15,9 |
34,0 |
10,7 |
12,2 |
-72,7
|
Средна и Источна Европа |
-29,0 |
-48,6 |
-54,7 |
-82,5 |
-122,1 |
-142,2 |
-59,4
|
Заедница на независни држави |
35,7 |
63,5 |
87,5 |
96,2 |
70,9 |
108,7 |
0,6
|
Азија |
82,4 |
89,3 |
162,3 |
282,4 |
406,5 |
422,4 |
481,3
|
Среден Исток |
57,5 |
97,1 |
201,3 |
252,9 |
254,1 |
341,6 |
-10,2
|
Западна полутопка |
9,3 |
22,1 |
35,5 |
47,7 |
13,4 |
-28,2 |
-77,3
|
Наводи
- ↑ Кругман Р. Пол, Обстфелд Морис, Меѓународна економија – Теорија и политика, Табернакул, Скопје, 2009, стр. 315.
- ↑ Бурда Мајкл, Виплош Чарлс, Макроекономија-Европски текст, Академски печат, Скопје, 2009, стр. 37.
- ↑ IMF, World Economic Outlook, April 2009, p. 206.
|