Телескоп „Виктор Бланко“
Телескоп „Виктор М. Бланко“ (англиски: Víctor M. Blanco Telescope), наречен и Бланко 4 м (Blanco 4m) — телескоп во склоп на Меѓуамериканската опсерваторија „Серо Тололо“, Чиле. Има отвор со пречник од 4 метри и изграден е во периодот од 1974 до 1976 г. Сличен е на телескопот „Николас Мејол“ на Националната опсерваторија „Кит Пик“ во Аризона, САД.[2][3][4] Телескопот го добил сегашното име во 1995 г., во чест на порториканскиот астроном Виктор Мануел Бланко.[5] Во периодот од 1976 до 1998 г. бил најголемиот оптички телескоп на јужната полутопка. Во 1998 г. таа чест ја добил Многу големиот телескоп на Европската јужна опсерваторија (ESO). Почнувајќи од 2012 г.[6][7] главниот истражувачки инструмент на телескопот е Камерата за темна енергија (Dark Energy Camera, DECam), која се користи во Испитувањето на темната енергија (Dark Energy Survey). ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia