Теогонија

Теогонија
Грчки ракопис од четиринаесеттиот век на Хесиодовата „Теогонија“ со сколии напишани на маргините
АвторХесиод
Изворен насловΘεογονία
ЗемјаСтара Грција
ЈазикСтарогрчки
ЖанрЕпска поезија, дидактизам
Издадена
8 век п.н.е.

Теогонија (старогрчки: Θεογονία;[1] 'генеалогија за раѓањето на боговите') — поема од Хесиод (8–7 век п.н.е.) во која се опишува потеклото и генеалогиите на старогрчките богови, составена ок. 730–700 година п.н.е. Напишана била на епскиот дијалект на старогрчкиот јазик и содржела 1022 реда. Поемата претставува еден најважните извори за разбирање на раната старогрчка космологија.

Описи

Хесиодовата Теогонија е синтеза од голем обем на широк спектар на локални старогрчки традиции во врска со боговите, организирани како наратив што раскажува како тие настанале и како воспоставиле трајна контрола врз космосот. Делото е позната старогрчка митска космогонија. Почетната состојба на универзумот била хаос, темна неопределена празнина што се сметала за божествена исконска состојба од која се појавило сè друго. Теогониите се дел од старогрчката митологија што ја отелотворува желбата за артикулирање на реалноста како целина; овој универзализирачки импулс бил фундаментален за првите подоцнежни проекти на спекулативно теоретизирање.

Деветте музи на римски саркофаг (втор век од н.е.) - Лувр, Париз.

Пишаната форма на Теогонијата била воспоставена во 6 век п.н.е. Дури и некои конзервативни уредници заклучиле дека епизодата со Тифон (820–68 г.) била интерполација.

Хесиод веројатно бил под влијание на некои блискоисточни традиции, вклучувајќи ги тие на вавилонската династија Дунум,[2] кои биле измешани со локални традиции, но постои поголема веројатност тие да се траги од микенската традиција отколку резултат на ориентални контакти во времето на Хесиод.

Митот за наследувањето

Осакатувањето на Уран од Сатурн: фреска од Џорџо Вазари и Кристофано Герарди, ок. 1560 година (Сала ди Козимо I, Палацо Векио)

Една од главните компоненти на Теогонијата е презентацијата на она што се нарекува „мит за наследување“, при што се раскажува како Крон го соборил Уран, а како Зевс, пак, ги соборил Крон и неговите колеги Титани, и како Зевс на крајот бил воспоставен како последен и траен владетел на космосот.

Падот на титаните од Корнелис Корнелис ван Харлем (1596–1598)

Последната закана за моќта на Зевс требало да дојде во форма на чудовиштето Тифон, син на Геја и Тартар. Зевс со својот гром брзо го победил, а Тифон бил затворен во Тартар.

Ракописи

Најраните постоечки ракописи на Теогонијата датираат од крајот на 13 век. Ран пример се наоѓа во Vaticanus gr. 1825. Овој ракопис датира од околу 1310 година, според жиговите. Постојат околу 64 познати ракописи кои датираат од 1600 година од нашата ера или порано.[3][4]

Влијание врз најраната старогрчка филозофија

Антички римски мозаик од Јоханисштрасе, Трир, датиран од почетокот на третиот век од н.е., на кој е прикажан претсократскиот филозоф Анаксимандар од Милет како држи сончев часовник.[5]

Наследството на старогрчката митологија веќе ја отелотворувало желбата да се артикулира реалноста како целина, а овој универзализирачки импулс бил фундаментален за првите проекти на спекулативно теоретизирање. Се чини дека редот на битието прво бил имагинативно визуелизиран пред да биде апстрактно осмислен. Хесиод, импресиониран од неопходноста што го регулирала редоследот на нештата, открива дефинитивен образец во настанокот и појавата на боговите. Овие идеи овозможиле нешто налик на космолошка шпекулација. Најраната реторика на размислување се центрирала околу две меѓусебно поврзани работи: искуството на чудење како жива поврзаност со божествениот поредок на нештата; и апсолутното убедување дека, над тоталитетот на нештата, реалноста формира прекрасна и хармонична целина.[6]

Христијански погледи на Теогонијата

Џон Милтон, калвинист, сметал дека Теогонијата била инспирирана од Сатана. Ставот на Милтон, како што бил артикулиран во „Изгубениот рај“, бил дека откако Сатана бил исфрлен од небото, тој станал музата што го инспирирала Хесиод. Она што го напишал Хесиод, според тоа, било изопачување на „вистинските“ настани што се случиле при космолошката борба на Сатана против Бога. Особено, Милтон тврдел дека триумфот на Зевс (т.е. врховното божество) преку лукавство, преговори и сојузи, претставува изопачување на Божјата семоќ, која не бара никаков сојузник.[7]

Гледиштето на Милтон ги одразува ставовите на ранохристијанските патристички писатели. На пример, Јустин Философ и Атинагора Атински тврделе дека паганските митологии воопшто се демонски искривувања на „вистинската“ космолошка историја.[7]

Изданија

Избрани преводи

  • Атанасакис, Апостолос Н., Теогонија; Дела и денови; Штит / Хесиод; вовед, превод и белешки, Балтимор: Универзити Прес на Џонс Хопкинс, 1983. ISBN 0-8018-2998-4
  • Кук, Томас, „Делата на Хесиод“, 1728.
  • Фрејзер, РМ (Ричард МекИлвејн), Поемите на Хесиод, Норман: Универзитетска издавачка куќа во Оклахома, 1983.ISBN 0-8061-1837-7ISBN 0-8061-1837-7
  • Мост, Глен, преведувач, Хесиод, 2 тома. , Класична библиотека Лоеб, Кембриџ, Масачусетс, 2006–07.
  • Шлегел, Кетрин М. и Хенри Вајнфилд, преведувачи, Теогонија и Дела и денови, Ан Арбор, Мичиген, 2006
  • Џонсон, Кимберли, Теогонија и Дела и денови: Ново критичко издание, Нортвестерн Јуниверзити Прес, 2017.ISBN 081013487XISBN 081013487X .

Поврзано

Наводи

  1. Attic Greek: [tʰeoɡoníaː]
  2. Lambert, Wilfred G.; Walcot, Peter (1965). „A New Babylonian Theogony and Hesiod“. Kadmos. 4 (1): 64–72. doi:10.1515/kadm.1965.4.1.64.
  3. Guillermo Galán Vioque (2009). „Notes on a Forgotten Manuscript of Hesiod's "Theogony". Mnemosyne. Fourth Series. 62 (1): 1–10. doi:10.1163/156852508X252885. JSTOR 27736292.
  4. M. L. West (November 1964). „The Medieval and Renaissance Manuscripts of Hesiod's Theogony“. The Classical Quarterly. 14: 165–189. doi:10.1017/S0009838800023739. JSTOR 637722.
  5. Zühmer, T. H. (19 October 2016). „Roman Mosaic Depicting Anaximander with Sundial“. Institute for the Study of the Ancient World. New York University.
  6. Barry Sandywell (1996). Presocratic Philosophy vol.3. Rootledge New York.
  7. 7,0 7,1 Philip J. Gallagher (Winter 1979). „Paradise Lost and the Greek Theogony“. English Literary Renaissance. The University of Chicago Press. 9: 121–148. doi:10.1111/j.1475-6757.1979.tb01404.x. JSTOR 43446941.

Извори

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya