ТерабајтТерабајт (од англ. terabyte) е содржател на единицата за дигитални податоци бајт. Според системот SI, претставката „тера“ значи 1012, па така 1 терабајт има 1000000000000бајти, 1 трилион бајти или 1000 гигабајти. Изразен со бинарни претставки, 1 терабајт е еднаков на 0,9095 тебибајти, или 931,32 гибибајти. Симбол на единицата е ТБ (TB) или Тбајт (Tbyte).
УпотребаПроизведувачите секогаш ја изразуваат големината на нивните тврдите дискови со SI-единици. Но некои полиња на информатиката практикуваат вкоренето толкување на терабајтот како бинарна претставна единица (1024). Организациите за стандардизација како Меѓународната електротехничка комисија (IEC), Институтот на електротехнички и електронски инженери (IEEE) и Меѓународната организација за стандардизација (ISO) препорачуваат да се користи поимот „тебибајт“ за означување на традиционалната мерка од 10244 бајти, или 1024 гибибајти. Оттука следуваат толкувањата:
Капацитетот на складишните носачи на податоци се изразуваат според стандардното значење на претставката според SI, но многу оперативни системи и програми прикажуваат единици со бинарна основа. Mac OS X 10.6 (Snow Leopard) ги изразува во децимални единици. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia