Тереза Меј
Марија Тереза Меј (/ tərizə/;[1] родена на 1 октомври 1956 година) е британски политичар, која служи како премиер на Обединетото Кралство и водач на Конзервативната партија од 2016 година. Работела како министер за внатрешни работи од 2010 до 2016 година. Меј за првпат била избрана за пратеник во 1997 година. Идеолошки, таа се идентификува како конзервативец.[2] ![]() Меј пораснала во Оксфордшир и се школувала на Колеџот Св. Хју, Оксфорд. Работела во Банката на Англија, а од 1985 до 1997 година во Здружението за услуги за средување на плаќања, исто така работела како советник за Дурсфорд во Мертон. Од 1999 до 2010 година, Меј имала голем број улоги во опозициските кабинети во сенка. Таа била и претседател на Конзервативната партија од 2002 до 2003 година. По формирањето на коалициска влада по изборите во 2010 година, Меј била назначена за министер за внатрешни работи и министер за жени и еднаквост, откажувајќи се од втората улога во 2012 година. Со повторната победата на конзервативната партија на изборите во 2015 година, таа станала најстариот министер за внатрешни работи во последните 60 години. За време на нејзиниот мандат таа се залагала за реформа на Полициската федерација, имплементирала линии во политиката за дроги, вклучувајќи ја и забраната на растението кат (khat), го надгледувала воведувањето на избраните полициски и криминални комесари, депортацијата на Абу Кадада, создавањето на Националната агенција за криминал и донела дополнителни ограничувања на имиграцијата.[3] Во јули 2016 година, по оставката на Дејвид Камерон, Меј била избрана за водач на Конзервативната партија, со што станала втората жена премиер по Маргарет Тачер. Како премиер, Мај го започнала процесот на повлекување на Обединетото Кралство од Европската унија. Ран живот и образованиеРодена на 1 октомври 1956 година во Истборн, Сасекс, Меј е единственото дете на Заидее Мери (1928-1982) и Хуберт Бразиер (1917-1981).[4] Нејзиниот татко бил свештеник на Црквата на Англија (англо-католичката црква),[5] и капелан во болница во Истборн.[6] Мајка ѝ била поддржувач на Конзервативната партија.[7] Првично учела во основното, државно училиште во Heythrop, по што продолжила во Школата за девојки на Свети Јулијана. Потоа во Римокатоличката независна школа во Begbroke, која била затворена во 1984 година.[8][9][10] Кога имала 13 години, Меј добила место во поранешната Гимназија на Holton Park Girls, државно училиште во Wheatley. Подоцна Меј се дошколувала на Универзитетот во Оксфорд, каде што дипломирала со диплома од втор степен во 1977 година.[11] Брегзит![]() За време на референдумската кампања во 2016 година, Тереза Меј го поддржала останувањето на Обединетото Кралство во Европската Унија, но не водела интензивна кампања. Меј за време на референдумот критикувала одредени аспекти на ЕУ.[12][13] Политичките новинари шпекулирале дека Меј не зела големо учество во дебатата за да ја зајакне својата позиција како иден кандидат за водач на Конзервативната партија.[14] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia