Тереза де Лауретис![]() Тереза де Лауретис е професор по историја на свеста во Санта Крус и голем критичар на меѓународниот феминизам, филмот и „љуеер” студиите. Лауретис ги преплетува семиотиката со феминизмот за да докаже дека родовите идеологии ги обликуваат производите на кинематографијата и процесите, технологиите на репрезентациите на кинематографијата. Нејзиниот важен придонес на теориите на женското посматрање е тврдењето дека нашата родова субјективност е конструирана низ нашите културни практики, а не само низ значењата на поединечните културни производи. Исто така тврди дека постојат „два”, а не еден женски посматрач; жената посматрач конструирана од филмот и жената посматрач како историски субјект. Лауретис тврди дека посматрачите ја „прават одново” родовата репрезентација од филмот низ пародија и преку внесување на нивното сопствено историско разбирање во секое погледнато искуство. Сето ова го комбинира за да ги поткопа хетеросексуалните пораки и родови стереотипи.[1] Белешки
|
Portal di Ensiklopedia Dunia