ТетиваТетива – линија што соединува две точки во елипса[1]. Поопшто, тетива е отсечка која спојува две точки на затворена крива линија. Секанта е неограничено продолжување на тетива на двете страни, права чиј дел е тетива. Тетива која минува низ центарот на кружница е нејзин пречник. Секој пречник е тетива, но не секоја тетива е пречник. ![]() (како што е и пречникот AB). Својства на тетиви на кружницаМеѓу својствата на тетивите на кружници се и следниве:
Својства на тетиви на елипсаСредните точки на сет од паралелни тетиви на елипса се колинеарни.[2] Тетивите во тригонометријата![]() Тетивите биле екстензивно користени во раниот развој на тригонометријата. Првата позната тригонометриска табела, составена од Хипарх, ја табелира вредноста на тетивната функција за секои 7,5 степени. Во вториот век од нашата ера, Птоломеј од Александрија составил пообемна табела на тетиви во својата книга за астрономијата, која ги давала вредностите за тетивите од ½ до 180 степени со стапка од половина степен.[3] Тетивната функција геометриски е дефинирана како што е покажано на сликата. Тетивата на некој агол е должината на тетивата меѓу две точки на единична кружница разделени за тој централен агол. Аголот θ се зема во позитивна насока и мора да лежи во интервалот 0 < θ ≤ π (во радијани). Тетивната функција може да се поврзе со модерната синусна функција, земајќи една од точките да биде (1,0), а другата точка да биде (cos θ, sin θ), и потоа користејќи ја Питагоровата теорема да се пресмета должината на тетивата:[3] Последниот чекор ја користи формулата за половина агол. Како што модерната тригонометрија е заснована на синусната функција, античката тригонометрија била заснована на тетивната функција. Се наведува дека Хипарх напишал 12 тома за тетивите, сите изгубени, па се претпоставува дека се имало големо познавање за нив. Тетивната функција задоволува многу идентитети аналогно на добро познатите модерни идентитити:
Исто така постои и инверзна функција:[4] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia