Технолошко-технички факултет - Пробиштип
ИсторијатТехнолошко-техничкиот факултет во Пробиштип е основан со Одлука на Владата на Република Македонија од 2008 година, како еден од трите нови технички факултети при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Факултетот има за цел да даде придонес во развојот на кадри кои не само што ќе можат да ги прифатат и реализираат достигнувањата на високата технологија, туку да бидат иновативни за нови технологии кои ќе се развиваат на домашни и странски простори. Организација и структураФункцијата декан на Технолошко-техничкиот факултет ја врши доц. д-р Винета Сребренкоска. Продекан за настава е доц. д-р Димко Димески[1]. Технолошко-техничкиот факултет создава академска атмосфера во која нашите студенти од земјава и од странство ќе бидат континуирано поттикнати и инспирирани да покажат што знаат и умеат. Технолошко-техничкиот факултет ќе ве оспособи и ќе ве обучи како успешно да ги најдете одговорите на прашањата што ги наметнуваат промените, следејќи го развојот на индустријата и технолошките достигнувања во земјава и во светот. Студиските програмисе организирани во:
Носител на студиите е Технолошко-техничкиот факултет, а реализатор на студиите се катедрите кои се составен дел на Технолошко-техничкиот факултет, а тоа се[2]:
Прв циклус на студииТехнолошко-техничкиот факултет ви ја отвора вратата кон нови перспективи, научете да бидете, да знаете, да работите, научете да живеете заедно, научете да се приспособувате на промените! Кај младите генерации изучувањето на новите материјали и запознавањето со новите технологии, како и стекнувањето со нови знаења од областа на текстилот, дизајнот и менаџментот претставува голем предизвик. Иднината е во технологијата и во новите идеи, новите материјали и новите производи. Технолошко-техничкиот факултет ќе ве научи како да бидете различни, иновативни и креативни. Во првиот циклус на студии на Технолошко-техничкиот факултет се изучуваат следниве студиски програми[3]:
Втор циклус на студииВо вториот циклус на студии на Технолошко-техничкиот факултет се изучува следнава студиска програма[4]:
Надворешни врскиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia