Тодор Дојчинов

Тодор Дојчинов
Роден 1919
Ениџе Вардар, Грција
Починал 29 март 1947
Крушари, Грција

Тодор Дојчинов – Морава — македонски партизан, учесник во НОВ во Егејска Македонија, како и Граѓанската војна во Грција.

Животопис

Дојчинов е роден во 1919 г. во градот Ениџе Вардар, Егејска Македонија, денешна Грција. Тој бил член на КПГ и ЕАМ од 1942 година, како и активен борец во ЕЛАС во времето на тројната окупација.

По крајот на Втората светска војна, од 1945 г. бил во илегалност и престојувал во Булкес, Југославија. Во декември 1945 година министерот за јавна безбедност на Грција со посебен указ ги прогласил за разбојници Тодор и Александар Дојчинови и за нивното фаќање или убивање распишал парична награда од 200.000 драхми. Во ноември 1945 г. Тодор Дојчинов се вратил во Егејска Македонија, а од март 1946 г. бил секретар на Околискиот одбор на НОФ за Ениџевардарско.

На 29 март 1947 г. со свои пријатели бил опколен од полицијата кај селото Крушари, после предавството на селскиот кмет и откако во борбата бил ранет, активирал рачна бомба и се самоубил за да не падне жив во рацете на непријателот. Неговото тело неколку дена било чувано на плоштадот на Ениџе Вардар со цел да се заплаши населението.[1][2]

Наводи

  1. Литовски, Александар. „Јубилеен календар за Егејскиот дел на Македонија во 2009 година“. Организација на македонците-потомци од Егејскиот дел на Македонија - Битола. стр. 29–30. Архивирано од изворникот на 2013-12-08. Посетено на 3 мај 2025.
  2. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 479. ISBN 978-608-203-023-4.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya