Томаш Калас
Томаш Калас (роден на 15 мај 1993 во Оломоуц) е чешки фудбалер, играч од одбраната на Бристол Сити и на чешката репрезентација. Технички одликиСтопер, кој може да игра и како десен бек. Добар во играта со глава и во изнесувањето на топката, но се одликува и со одлични атлетски предиспозиции и солидна брзина за дефанзивец. КариераКлупска кариераРоден во Оломоуц, Калас ја започнал својата кариера во екипата од неговиот роден град Сигма Оломоуц, за која дебитирал во победата со 2-0 над Слован Либерец на 5 мај 2010 година.[2] По завршувањето на сезоната 2009-2010, тој потпишал за англискиот клуб член на Премиер лигата, Челси, на 7 јули 2010 година, за надомест од околу 5,2 милиони фунти.[3] Сепак, договорот вклучувал, тој да остане во Сигма Оломоуц и во сезоната 2010–2011 како позајмен играч:[3] тој направил уште 6 настапи (4 во првенствотото и 2 во купот) за Сигма во првиот дел од сезоната 2010-2011, по што се вратил во Челси, каде играл за резервниот тим на Сините. Во август 2011, Калас му се приклучил на холандскиот клуб Витесе, на двегодишна позајмица. Престојот во клубот од Арнем бил позитивен за младиот чешки дефанзивец, кој пронашол можност да игра во континуитет и да се развива. На 17 мај 2012, Калас го постигнал својот прв погодок во професионалната кариера во победата со 3-1 над РКЦ Валвајк.[4] Вкупно за Витесе во двете сезони на заем одиграл 76 натпревари и постигнал 2 гола. По одличните игри во Витесе, Калас се вратил во Челси во летото 2013 и бил потврден од менаџерот Жозе Мурињо, кој рекол дека тој ќе остане и ќе се бори за своето место во клубот.[5] Своето деби за првиот тим на Челси го направил на 29 октомври 2013, влегувајќи како замена на местото на Хуан Мата во победата со 2-0 над Арсенал во Лига купот. На 18 март 2014, тој го направил своето деби во Лигата на шампионите во победата со 2-0 над Галатасарај, а 27 април 2014 дебитирал и во Премиер лигата во победата со 2-0 на Анфилд над Ливерпул. Откако не добил многу шанси за игра во дресот на Челси (сезоната 2013-2014 ја завршил со вкупно 4 натпревари: два во првенството и по еден во Лига купот и Лигата на шампионите), тој бил проследуван на разни позајмици во следните неколку сезони. Најпрво бил позајмен на германскиот Келн во сезоната 2014-2015, каде не одиграл ниту еден натпревар, а потоа следеле позајмици во три различни екипи од Чемпионшип - второто ниво на англискиот фудбал: Мидлсбро, Фулам и Бристол Сити. На 1 јули 2019, по успешниот период на Калас во клубот како позајмен играч, Бристол Сити одлучилe да го откупат играчот од Челси за сума од 8 милиони фунти.[6] Репрезентативна кариераКалас ја претставувал Чешка во неколку младински репрезентации: под 17, под 18, под 19, под 20 и под 21 година. Со последната репрезентација, учествувал на Европското првенството за играчи под 21 година 2015 кое се одржало токму во Чешка. За сениорската репрезентација дебитирал во победата со 3-0 над Словачка во пријателски натпревар. Учествувал на Европското првенство 2020. СтатистикаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 13 јуни 2021
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia