Томирис![]() Томирис (/ˈтoʊмɪрɪs//ˈtoʊmᵻrɪs/; од источно ирански: تهمرییش Tahm-Rayiš),[1] исто така позната и како Томрис, Томирид или кралицата Томири — масагетска владетелка која царувала над Масагетите, ирански народ од скитската пастирско-номадска конфедерација на Средна Азија источно од Каспиското Езеро, во делови од денешен Туркменистан, Авганистан, западен Узбекистан и јужен Казахстан.[2][3][4][5] Томирис ги водела нејзините војски при одбраната од напад од страна на Кир Велики од Ахеменидското Царство и го поразила и убила во 530 година п.н.е. (иако ова е дискутабилно бидејќи Херодот споменува дека тоа е само една од многуте приказни кои се однесуваат на смртта на Кир Велики). Томирис е спомената од страна на неколку антички автори, меѓу кои прв е Херодот. Таа е исто така спомената од страна на Страбон, Полијен, Касиодор, и Јорданес. Историја![]() Името на Томирис и на нејзиниот син Спаргапис, кој беше генерал во нејзината армија, се од иранско потекло.[1] Бидејќи историчарите кои први напишале за неа биле грци, грчката форма на нејзиното име се користи најчесто. Многу грчки историчари запишале дека таа го "порази и уби" персискиот владетел Кир Велики, основачот на Ахеменисдката империја, за време на неговата инвазија и обид за освојување на нејзината земја. Херодот, кој живеел од околу 484 до 425 година п.н.е., бил првиот од класичните писатели кои пишувале за нејзината кариера, пишувајќи скоро сто години подоцна. Нејзината историја била добро позната и станала легендарна. Страбон, Полијен, Касиодор и Јорданес исто така напишале за неа во De origine actibusque Getarum ("Потеклото и делата на Готите/Гетите").[6] Според грчките историчари, Кир беше победник во неговиот првичен напад на Масагетите. Неговите советници предложиле поставување на стапица за заробување на Скитите: Персијците оставиле зад нив навидум напуштен камп, кој содржел големо количество на вино. Пастирските Скити не биле навикнати на виното—"нивниот омилен интоксикант бил хашиш со ферментирано млеко од кобила"[7]—и се опиле (со алкохолот намерно оставен од Кир). Персијците нападнале додека нивните противници биле изнемоштени, победувајќи ги масагетските сили и заробувајќи го синот на Томирис, Спаргапис, генералот на нејзината војска. Од третината од масагетските сили кои се бореле, имало повеќе заробени отколку убиени. Според Херодот, Спаргапис го убеди Кир да ги отстрани неговите окови, на тој начин овозможувајќи му да изврши самоубиство додека бил во персиско заробеништво.[8] Томирис испрати порака до Кир осудувајќи го неговото предавство и со сите нејзини сили го предизвика на втора битка. Во борбата што следувала, Масагетите победиле и Персијанците биле горко поразени, со голем број на жртви. Според Херодот, Кир беше убиен и Томирис го обезглави и потоа го распна неговиот труп[9] и ја стави неговата глава во сад исполнет со човечка крв. Таа наводно рече, "Те предупредив дека ќе ја задоволам твојата жед за крв и така и ќе направам"[10][11] (Hdt 1.214).[8] Ксенофонт, од друга страна, вели дека Кир починал мирно во својот кревет[12] и голем број други извори наведуваат различни причини за неговата смрт. Наследство![]() Есташ Дешан ја додаде Томирис во неговата поезија како една од деветтте Достоинствени жени во доцниот 14 век. Во најраната игра на Шекспир, Кралот Хенри VI (Прв дел), грофицата од Оверн додека го чека пристигнувањето на баронот Толбот ги кажува следниве зборови (Акт II, Sc.iii):
Шекспирската референца на Томирис како "Кралица на Скитите' наместо вообичаената грчка титула 'Кралица на Масагетите' укажува на две можни извори, "Скратениот Помпеј Трог" од Марк Јуниан Јустин[14] на латински или преводот на Артур Голдинг (1564).[15] Историјата на Томирис била инкорпорирана во традицијата на западната уметност; Рубенс,[16] Алегрини,[17] Лука Ферари,[18] Матија Прети, Гистав Моро и вајарот Северо Калзета де Равена[19] се меѓу многуте уметници кои ги прикажале настаните од животот на Томирис и нејзиниот пораз на Кир и неговите војски. Таа е една од темите групирани под топосот Моќта на жените од историчарите на уметноста. Името "Томирис" исто така се користи во зоолошката taxonomy, за томириската вид-група на пеперуги од Средна Азија.[20] 590 Томирис е име дадено на една од малите планети. Во популарната култураИмето Томрис или Томарис стана многу популарно во Средна Азија и Турција во 20-от и 21-от век. To'marisning Ko'zlari (Очите на Томирис) е збирка на песни и приказни од 1984 година од узбечкиот автор Хуршид Даврон. To'marisning Aytgani (Изреките на Томирис) е збирка на поезија од 1996 година од узбечкиот поет Халима Худојбердиева. Во 2019 година, казахстанското филмско студио „Kazakhfilm“ го снимило филмот „Томирис“.[21] Томирис ја води скитската цивилизација во 4X видео играта Цивилизација VI создадена од страна на Firaxis Games во 2016 година.[22][23] Белешки
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia