Тони Коњановски
Тони Коњановски (28 јануари 1962, Битола) — лекар епидемиолог и градоначалник на Општина Битола од 10 ноември 2021 година.[1] ЖивотописТони Коњановски е роден на 28 јануари 1962 година во Битола. Основно и средно образование завршил во родниот град, а Медицински факултет почнал да студира во Белград, а завршил во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, каде што во 2000 година ја почнал својата специјализација по епидемиологија. Својот професионален ангажман го започнал во ЈЗУ Здравствен дом во Ресен, каде од 1992 година, па сè до 2000 година работел како лекар во Службата за итна медицинска помош и домашно лекување. Во периодот 1997-2000 година, Коњановски е именуван за прв човек на оваа служба. Од 2000 година се префрлил во тогашниот Завод за здравствена заштита, денес ЈЗУ „Центар за јавно здравје“. По специјализирањето, раководи со отсекот за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во составот на Одделението за епидемиологија во Битола.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia