Торе де Мигел Сесмеро
Торе де Мигел Сесмеро — општина сместена во покраината Бадахос, Екстремадура, Шпанија (Европа). Во моментот во оваа општина се гради втората сончево-топлинска централа во Европа, со што ќе се помогне зво зачувувањето на животната средина. ИсторијаПотеклото на името на Торе де Мигел Сесмеро, можно е да било келтско, и пред 2.600 години ова место се нарекувало Салукстоги. Па пшодоцна по името на друга римска населба која се нарекувала: Турилукс. Од приказните на луѓето името на градот се должи на кулата која била изградена за да ги одбрани во војните со Португалија, и како последица на овие судири,градот бил напуштен. Исто така се вели дека во средновековието, Дон Мигел Пико нашол богатство на земјата на луѓето и имајќи предвид дека тој бил трговец со земја, го именувале во негова чест. Во 1531 година градот имал 332 жители. Исто така потеклото на името е поврзано со кулата сместена меѓу селските куќи на крајот од плоштадот, која била дел од тврдината која била разрушена во 1841 година. Основано е како населба во XIV век, околу 1392 година и тогаш била наречена Торе де Мигел Сесмеро. Од пронајдените документи се потврдува дека земјиштето било во споственост на Бадахоскиот кардинал. Во периодот меѓу месеците Септември и Октомври 1643 година, португалските војски под водство на војводата од Обидос, сакале да го опсадат Бадахос, но одлучиле да го напуштат овој план и наместо тоа да уништат неколку погранични градови, вклучувајќи го тука и Торе де Мигел Сесмеро, предизвикувајќи паника во околината многу од жителите го напуштиле селото. Воп пописот од 1842 година имало 259 домаќинства со 970 жители. Грбот на градот пак е усвоен на 27 февруари 1986 година. Значајно е што во Торе де Мигел Сесмеро се оддржал еден од првите работнички собири од 1902 година за правата на работниците да штрајкуваат за подобри узлови за работа. Според Винсенте Наваро дел Кастилјо, 14 жители на Торе де Мигел Сесмеро заминале во похосите за освојување на Америка, од нив најистакнат бил Бартоломеј Мартинес Менахо, кој во Новиот Свет бил викар во соборната катедрала во Лима (Перу), бискуп на Панама и надбискуп на Санта Фе де Богота (Колумбија). Освојувањето на АмерикаМногумина отпатувале во Америка на почетокот од откривањето. Па така позначајни жители кои заминале во Америка се:
Значајни градби
Значајни жители
Обичаи
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia