Торинска катедрала
Торинска катедрала (италијански: Duomo di Torino или Катедрала „Св. Јован Крстител“ (Cattedrale di San Giovanni Battista) — католичка катедрала во Торино, северна Италија и седиште на Торинската архиепископија.. Храмот е посветен на Свети Јован Крстител и изграден во 1491–98 г. веднаш до постарата камбанаријата од 1470 г. Кон градбата подоцна е придодадена и Капела на Светиот Плашт во која се чува истоименото Торинско платно; оваа изградена Гварино Гварини во 1668–94 г. ИсторијаЛангобардска цркваЦрквата е изградена врз темелите на некогашниот театар од римско време. Првично имало три храма, и тоа едниот на „Св. Спас“, другиот „Пресв. Богородица Домпненска“ и третиот и најважен — „Св. Јован Крстител“. Според некои извори, третоспоменатиот е осветен од Агилулф, лангобардски крал на северна Италија од 591 до 613 г.[3] Во оваа црква во 662 г. е убиен торинскиот војвода Гарибалд во освета на неговата вмешаност во убиството на кралот Годеперт. Нова катедралаОвие три цркви се урнати во 1490-92 г. и на нивно место во 1491 г. е отпочната нова катедрала посветена на Јован Крстител. Храмот е изграден по проект на Амедео де Франческо ди Сетињано (наречен и Мео дел Каприно), кој го завршил за седум години. Единствената останата градба од стариот комплекс била камбанаријата изградена во 1469 г. која стои и денес. Во 1515 г. папата Лав X официјално ја прогласил катедралата за митрополија. Подоцна, во XVII век се извршени извесни измени под водство на Филипо Јувара. ПроширувањеЗафатот за проширување на катедралата имал за цел да го вдоми Торинското платно во подостојна просторија. Отпочнат е во 1649 г. со доаѓањето на Бернардино Квадри од Рим за да служи на дворот на савојскиот војвода Карло Емануил II. Во својот нацрт, Квадри се надоврзал на претходната замисла на Карло ди Кастеламонте, со овална капела зад певницата. Во 1667 г. Гварино Гварини е поканет да го доврши зафатот. Куполата, се градела цели 28 години поради одложувања, за на крај да биде завршена во 1694 г. под надзор на Марија Јована Савојска, вдовицата на Карло Емануил II. Погребани во катедралата
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia