Точка од интересТочка од интерес (анг. Point of interest, или скратено POI) е одредена точка т.е. местоположба која за некого може да биде корисна или од интерес. На пример, ова може да биде точка на Земјата која ја претставува местоположбата на Самуиловата тврдина, или точка на планетата Марс која ја претставува местоположбата на планината Олимп. Поимот POI е широко употребуван во картографијата, особено во електронските варијанти вклучувајќи ги ГИС, GPS друг навигациски програмска опрема, каде POI се нарекува и како патна точка (waypoint). GPS-точки на интерес се состои најмалку од географската ширина и должина, иако вообичаено е вклучен и назив за опис на точката од интерес. Може да бидат додадени и други информации како на пример: висина или телефонски број. GPS апликации обично користат икони за претставување на различни категории на точки од интерес на географската мапа[1] Множества на точки од интересДигиталните карти за модерни GPS уреди обично вклучуваат основно множество на точки од интерес.[2] Но постојат мрежни места кои се специјализирани во собирањето, управувањето и дистрибуцијата на точките од интерес кои крајниот корисник може да ги земе и стави на неговиот уред за да ги замени или дополни постоечки точки од интерес. Додека некои од мрежните места се општонаменски, собираат и категоризираат точки од било кој интерес, други сè повеќе специјализираат во одредена категорија (пример соораќајни радари). Крајните корисници исто така имаат можност да создадат нивни сопствени множества на точки од интерес. Комерцијални множества на точки од интерес, особено тие што доаѓаат со дигиталните мапи, или се продаваат со зачленување се вообичаено заштитени со авторски права. Сепак постојат многу страници кои содржат бесплатни множества на точки од интерес. АпликацииАпликациите за точки од интерес се со голем капацитет. Сметачките уреди кои содржат и ГПС-модул и имаат програми кои користат дигитални карти се сè повеќе достапни, така што заедно се распространуваат и апликациите за точки од интерес. Поновите дигитални фотоапарати можат да користат автоматско геоозначување на фотографијата со GPS-местоположба каде сликата е направена. Формат на документиПостојат различни формати на податотеки кои се користат за зачувување на POI податоци, како дури и таму каде што се користат во ист основен WGS84 систем. Некои од причините за постоењето на многу различни варијации на зачувување на исти податоци се:
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia