ТрансцендентализамТрансцендентализам (англиски: Transcendentalism) - духовно, културно, филозофско и книжевно движење. Појава и претставнициТрансцендентализмот е појавил во првата половина на 19 век, во САД, а негови главни претставници се Ралф Волдо Емерсон и Хенри Дејвид Торо. Неговите корени се наоѓаат во верското и духовното наследство на колонијална Америка и претставува реакција на верската тесноградост својствена на пуританизмот и калвинизмот во тоа време. Исто така, ова движење се јавило како еден вид бунт против културната зависност на САД од Англија и Европа, при што, транседентализмот ја поставил теоретската основа на културното осамостојување на САД. Најпосле, во трансцендентализмот се вградени и филозофските влијанија на класичната филозофија (во прв ред, Платон), германската идеалистичка филозофија и германскиот и англискиот романтизам.[1] Философски погледиТрансцендентализмот претставува идеалистичко учење, насочено кон создавање нов човек, целосен и независен, кој има потполна верба во себе и се потпира врз сопствената сила. Трансценденталистите сметаат дека луѓето не се избрани или предодредени за нешто, туку својата морална ориентација и своето место во светот можат да ги утврдат врз основа на сопствениот ум. Во тие рамки, најзначајно место зазема интуитивното сознание кое постои во секој човек (т.е. не е резултат на божјата просветленост) и ја претставува неговата потенцијалната способност, низ појавните предмети, да проникне во суштината (битието). Интуитивното сознание, кое ги надминува сетилното и разумското сознание, е средството кое индивиуалната психа ја соединува со општата.
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia