Трахома
Трахома, позната уште како грануларен конјунктивит, Египетска офталмија,[5] и заслепувачка трахома е заразна болест предизвикана од бактеријатаКламидија трахоматис.[2] Инфекцијата предизвикува стврднување на внатрешната страна од очните капаци. Ова стврднување може да предизвика болка во очите, оштетување на надворешната страна на рожницата од очите, а можно е да дојде и до појава на слепило.[2] ПричинителБактеријата која ја предизвикува болеста може да се шири и преку директен и индиректен контакт со инфицираните очи или нос на заразената личност.[2] Индиректниот контакт може да биде преку облека или инсекти кои претходно биле во контакт со очите или носот на инфицираната личност.[2] Потребни се голем број на инфекции низ годините за да можат да го оштетат очниот капак за тој да биде толку цврст, за трепките да почнат да се спојуваат со окото. ref name=WHO2013/> Децата почесто ја шират болеста од возрасните.[2] Лошите санитарни услови, пренаселените места и недоволно чистата вода предизвикуваат побрзо ширење на болеста.[2] Превенција и лекувањеНапорите што се прават за спречување на болеста вклучуваат подобрен пристап до чиста вида и намалување на бројот на инфицирани поединци преку лекување со антибиотици.[2] Ова може да вклучува и истовремено лекување на поголеми групи на луѓе, каде што се знае за присуството на болеста.[3] Само чистењето не е доволно за спречување на болеста, но може да биде корисно заедно со другите мерки.[6] Можностите за лекување вклучуваат орално земање на лекот азитромицин или локално со тетрациклин.[3] Повеќе се препорачува азитромицин зашто орално се зема само еднаш.[7] Откако ќе настане оштетување на очниот капак, се препорачува операција за да се вратат трепките во претходната положба и да се спречи слепило.[2] ЕпидемиологијаНа светско ниво, околу 80 милиони луѓе се активно инфицирани.[4] Во некои делови од светот, инфекциите се присутни кај 60 % до 90 % кај децата и поприсутни се кај жените отколку кај мажите поради поблискиот контакт со деца.[2] Болеста е причина за послаб вид кај 2,2 милиони луѓе од кои 1,2 милиони луѓе се слепи.[2] Најчесто се појавува во 53 држави во Африка, Азија, Централна и Јужна Америка, во кои 230 милиони луѓе се на ризик.[2] Ова е причина за загуба на 8 милијарди долари секоја година.[2] Болеста припаѓа на групата на болести, позната како запоставени тропски болести.[4] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia