Трајанка Блажеска

Трајанка Ѓорева Блажеска ( 1890 во Врбјани (Охридско) — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Активно и организирано учествувала во НОД од aвгycт 1942 година. Нејзиниот дом бил ползуван за одржување илегални состаноци, престојувале илегалци, се чувало оружје, а Трајанка била една од најспособните курири, иако била во поодминати години. Нејзината куќа била под постојана присмотра на италијанската полиција, поради што, често биле вршени претреси и блокади, но никогаш ништо не било откриено. За време на една блокада (27 мај 1943 година) кај неа престојувале илегалци, што таа успеала незабележително да ги изведе надвор од селото. Кога територијата на Дебарца повторно била заземена од окупаторот таа негувала две болни партизанки од Косовскиот баталјон (Милка Петричевиќ и Перса Сташиќ).[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 996.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya