Трајче Здравковски

Трајче Здравковски
Роден 1923 година
Црешево, Кралство СХС
Починал 12 април 1945 година
Шид, Независна Држава Хрватска

Трајче Здравковски ( 1923 во Црешево12 април 1945 во Шид) — македонски партизан, учесник во НОВ.[1]

Животопис

Израснал во сиромашно семејство. Основно училиште завршил во Црешево. Се занимавал со земјоделство.

Есента 1944 година во селата на Скопска Црна Гора навлегле силни балистички сили со цел да ги ограбуваат. Тогаш Трајче стапил во редовите на 16 македонска ударна бригада и во нејзин состав учествувал во борбите против тие банди, против кои се борел и подоцна кога Бригадата продолжила дефинитивно да ги уништува на Косово.

Учествувал и во борбите на Сремскиот фронт. На 12 април 1945 година при пробивот на истиот, тој храбро загинал крај Шид.

Наводи

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 64. На |first= му недостасува |last= (help)
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya