Требишница
Требишница (српски: Требишњица) – река во Босна и Херцеговина. Таа е понорница долга 96,5 км над земја. Со вкупна должина од 187 км над и под земја, таа е една од најдолгите понорници на светот. Горен текСо оглед дека Требишница тече низ карстен предел, таа претставува комплексен систем од надземни и подземни текови. Ја формираат два потокa од планините Лебршник и Чемерно во Босна и Херцеговина:
Двата потока се одликуваат со остри, непредвидливи кривулици и промени на насоката. Реката повторно се појавува во Фатничко Поле под името Фатничка Река, и повторно понира по краток тек над земја. Среден тек![]() По 30 км под земја, реката повторно се појавува во форма на повеќе извори во близината на Билеќа. Овие извори ја формираат Требишница. Се работи за најголемата река во источна Херцеговина. Реката се упатува на југ следејќи ја депресијата на Мируша, каде поминува брана подигната во 1966 година во близина на селото Горно Грнчарево. Депресијата Мируша е потопена и го формирала Билеќкото Езеро.[1][2]). Голем дел од езерскиот брег е дел од границата со Црна Гора. Потоа Требишница се упатува кон запад каде повторно наидува на брана во близина на селото Горица, на околу 3 км спротиводно од Требиње. Се протега долж јужната падина на Белашница пред повторно да нурне под земја во Попово Поле. Долен тек![]() Водите од Требишница повторно се јавуваат на три различни места:
Површината на басенот на реката Требишница изнесува 4.926 км2 од кои 600 км2 му припаѓаат на неретванскиот басен. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia