Трепчести црви
Трепчестите црви (на латински Turbellaria) се класа на сплескани црви кои се слободни форми. Името на овие животни доаѓа оттаму што тие имаат трепчест епител на својата телесна површина. Имаат прилично едноставен репродуктивен систем и најчесто поседуваат рабдити. Систематиката на трепчестите црви се основа, пред сè, на типот на разгранувањето на цревото, кое кај сите видови е поделено на предно и средно. Отсуствува анален отвор. Трепчестите црви се среќаваат најмногу во морињата, но има и слатководни видови, како и видови кои живеат на влажните места на копното. Овие животни се со мали димензии, а големината им варира од неколку милиметри до неколку десетици сантиметри (60 cm), кои ја достигнуваат некои тропски видови. Обично се силно обоени, а само мал број на видови е бел или безбоен. Тело на трепчестите црвиТелото им е со листовиден облик и е дорзо-вентрално сплескано, па на него се разликуваат:
Кожно-мускулниот систем е изграден од еднослоен трепчест епител кој ја покрива површината на телото и во кој се наоѓаат:
Понатаму, кожно-мускулниот систем се состои и од базална мембрана која се наоѓа под епителот, а воедно е и негов производ; за неа се прицврстени мускулите, кои се одговорни за движењето и се распоредени во неколку слоеви со следниот редослед (одејќи од базалната мембрана кон внатрешноста на телото):
Покрај овие слоевито распоредени мускули, планариите поседуваат и дорзо-вентрални мускули кои се протегаат од грбната кон стомачната страна, притоа поминувајќи низ паренхимот. |
Portal di Ensiklopedia Dunia