Трета Француска Република

Третата Француска Република и границите во Европа пред Првата светска војна

Трета Француска Република ― назив кој се однесува на политичкото уредување во Франција во периодот од 1870 до 1940 година.

Историја

По падот на вториот императорски период и уништувањето на Париската Комуна, бил усвоен новиот Уставен Закон од 1875 година, воспоставувајќи режим на парламентарно владеење. И покрај низата влади на краток рок, т.н. Трета Република била означена како општествено стабилна (освен аферата со Алфред Драјфус), со воведувањето на индустријализацијата и воспоставувањето професионални граѓански служби. Третиот републикански период престанал да постои со капитулацијата на Франција поради германскиот напад во 1940 година.[1] Уредувањето било заменето со прогерманската и соработничка власт т.н. Вишиевска Франција.

Претседатели

  • Адолф Тер (1871-1873)
  • Морис де Мак-Махон (1873-1879)
  • Жил Греви (1879-1887)
  • Сади Карно (1887-1894)
  • Феликс Фор (1895-1899)
  • Емил Лубе (1899-1906)
  • Арман Фалиер (1906-1913)
  • Рејмонд Поенкаре (1913-1920)
  • Александар Милеранд (1920-1924)
  • Гастон Думерж (1924-1931)
  • Алберт Лебрун (1932-1940)

Од другите познати водачи може да се спомнат имињата:

  • Леон Блум
  • Жорж Буланже
  • Аристид Бријан
  • Жорж Клемансо
  • Едуард Даладје
  • Жил Фери
  • Леон Гамбет
  • Едуард Ерио
  • Жан Жоре
  • Пјер Лавал
  • Филип Петен
  • Пол Рејно

Наводи

  1. Британика
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya