Трихинелоза
Трихинелозата претставува сериозно паразитарно заболување, предизвикувач е Trichinella spiralis од групата нематоди. Паразитира во човекот и во многу домашни и диви животни. МанифестацијаКлинички се манифестира со:
НастанувањеТрахинелоза настанува со конзумирање на сирово или недоволно топлински обработено месо од животни (посебно свинско и преработки од свинска маст) во кои спаѓаат инкапсулирани ларви. По конзумирање на контаминирано месо, во тенкото црево ларвите се ослободуваат од капсулата и за кратко време стануваат полово зрели. Следува размножување и раѓање на живи ларви кои преку лимфните садови навлегуваат во крвта правејќи паразитемија и се разнесуваат низ организмот. Најчесто се локализирани во мускулатурата на домаќинот (скелетните мускули) каде повторно инкапсулираат. Подоцна инкапсулираните ларви угинуваат и калцифицираат. Периодот на инкубација на трихинелозата изнесува 5 до 45 дена. Сериозноста на болеста зависи од количината на конзумираното месо и од концентрацијата на паразитите во истото. Болеста започнува со: ![]()
Дијагноза![]() За поставување на дијагноза особено важни се податоците на недоволно топлински обработено месо од животно, дополнети со лабораториски испитувања. Во крвната слика доминира леукоцитоза со еозинофилија (може да достигне до 80%)како и зголемени вредности на креатин, на трансаминазите. Фекален промерок има смисла да се истражува само во првите 48 часа по конзумирањето на сомнителната храна. Висока дијагностичка вредност има биопсија на мускулното ткиво. ТерапијаВо терапијата на заболувањето најчесто се користи мебендазол. Други медикаменти кои се препорачуваат се албендазол, тибендазол, нотезин и комбантрин. За превентивни цели неопхподен е засилен ветеринарен надзор за присуство на трихинели во месото и сувомеснатите производи како и избегнување на користење недоволно топлински обработено месо од животни. Надворешни врскиПортал од областа на медицината Архивирано на 17 април 2014 г.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia