Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето).
Трихуријаза, позната и како инфекција од нематодни црви, е инфекција предизвикана од паразитски црв Trichuris trichiura (нематоден паразитски црв).[1] Ако инфекцијата е предизвикана од неколку црви, тогаш нема никакви симптоми.[2] Оние кои се инфицирани со многу црви, можно е да имаат стомачна болка, замор и дијареја.[2] Понекогаш дијарејата содржи крв.[2] Инфекциите кај децата може да предизвикаат слаб интелектуален и физички развој.[2] Може да дојде до ниски граници на црвени крвни клетки поради загубата на крв.[1]
Причинители
Болеста најчесто се шири кога луѓето јадат храна или пијат вода во која има јајца од овие црви.[2] Ова може да настане кога загадениот зеленчук не е убаво исчистен или приготвен.[2] Овие јајца често се во почвата на места каде луѓето вршат физиолошка потреба во природа и каде необработениот човечки измет се користи каковештачко ѓубриво.[1] Овие јајца потекнуваат од изметот на инфицираните луѓе.[2] Децата кои играат со ваквата почва и ги ставаат рацете во уста, лесно може да се инфицираат.[2] Црвите живеат во дебелото црево и се долги четири сантиметри.[1] Нематодниот, паразитски црв се дијагностицира со гледање на јајцата кога се испитува столицата под микроскоп.[3] Јајцата имаат форма на цилиндар.[4]
Превенција и лекување
Превенцијата се прави со правилно приготвување на храната и миење на рацете пред да започнете со готвење.[5] Другите мерки вклучуваат подобрен пристап до канализација како што е употребата на функционални и чисти тоалети,[5] како и пристап до чиста вода.[6] На места од светот каде што инфекциите се појавуваат, многу често цели групи на луѓе се лечат наеднаш и регуларно.[7] Третманот трае три дена, во кои се земаат лековите: албендазол, мебендазол или ивермектин.[8] Луѓето често се заразуваат по третманот.[9]
Епидемиологија
Инфекцијата од нематодни, паразитски црви инфицира од 600 милиони до 800 милиони луѓе низ светот.[1][10] Најчеста е во тропските земји.[7] Кај земјите во развој, оние кои се заразени со нематодни, паразитски црви многу често имаат инфекции од анкилостома и аскаријаза .[7] Тие имаат огромен ефект врз економијата на многу земји.[11] Се прават напори за откривање на вакцина против болеста.[7] Трихуријазата се смета за запоставена тропска болест.[12]