Трн (град)
Трн (бугарски: Трън) — град и седиштето на истоимената општина во Западна Бугарија, Перничка Област. Има население од околу 2.460 жители (2022).[1] ГеографијаТрн се наоѓа во планинско подрачје, во близина на границата со Србија. Градот се протега на бреговите на реката Ерма, во најисточниот дел од висорамнината котлина Знеполе. Опкружен е со ридовите Китка, Грчки Камен, Чарчалат и Мурговица. ![]() Градот има влажна континентална клима со големи температурни амплитуди. Најниската температура во Бугарија −38,3 °C била забележана во Трн во јануари 1947 година. Бидејќи температурите честопати паѓаат на −20 °C - −25 °C во зима, Трн може да се смета за еден од најстудените градови во Бугарија.[2] Населени местаНаселби во општината: Банкја, Берајнци, Богојна, Бохова, Бусинци, Бутроинци, Велиново, Видрар, Врапча, Вукан, Главановци, Глоговица, Горна Мелна, Горочевци, Доќовци, Долна Мелна, Долга Лука, Ездимирци, Еловица, Ерул, Забел, Зелениград, Јарловци, Кожинци, Костуринци, Кашле, Лева Река, Лешниковци, Ломница, Љалинци, Милќовци, Милославци, Мракетинци, Мрамор, Насалевци, Неделково, Парамун,Пенќовци, Проданча, Радово, Рани Луг, Рејановци, Слишовци, Стајчовци, Стрезимировци, Студен Извор, Трн, Туроковци, Филиповци, Цегриловци, Џинчовци, Шипковица. ИсторијаНајраните траги од луѓе пронајдени во пештерите во Трнско датираат од неолитот. На територијата на градот Трн, археолозите пронашле траги од неколку праисториски населби. Животот во антиката во сегашниот град досега е документиран само со откриената античка гробница и со пронајдените римски монети од 4 век. Oвде последователно живееле Тракијци, Готи и Словени. За прв пат Трнско влегло во границите на бугарската држава за време на владеењето на Кан Крум по заземањето на Средец во 809 година. За време на Првото Бугарско Царство, реонот бил подреден на болјарот Кракра, кому му биле доверени земјиштата во Пернишко, Средецко и Трнско. Повеќе од 10 години болјарот му пружил жесток отпор на императорот Василиј II, но и покрај тоа, во 1018 година, оваа област заедно со остатокот од Бугарија потпаднала под византиска власт. Трн е стара, средновековна населба, регистрирана во османлиските документи од средината на 16 век под имињата Изнебол, Турун и Таран Паланка. За постоењето на населбата во овој период сведочи и средновековната гробишна црква „Св. Петка“, а исто така и од доцносредновековната керамичка печка откриена пред години кога започнала поновата градба во градот. На крајот на Руско-турската војна (1877-1878), Трн бил привремено окупиран од Србија до 1879 година. Нејскиот мировен договор од 1919 година донесол сурови последици за градот Трн и неговата околија. Голем број населби биле дадени на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, а други како Врабча, Стрезимировци, Банкја и Петачинци, буквално биле преполовени од границата, поделувајќи ги на две дворови, гробишта, а исто така и многу семејства.[3] Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia