Тројца владетели и пет цареви
Тројцата владетели и петте цареви (кин.: 三皇五帝, транскр. Санхуанг вуди) биле митолошки владетели на Кина за време на периодот од ~ 2852 п.н.е. до 2205 п.н.е., времето кое ѝ претходи на династијата Сја. Тројцата владетелиТројцата владетели или Тројцата возвишени биле кралеви-богови или полубогови кои им помагале на луѓето со своите магични моќи. Заради нивната возвишена доблест, ти живееле многу долго и владееле во мир. ![]() Ним им се препишуваат разни идентитети во разни историски дела. Книгата „Записи на историчарот“ од Сема Ќен вели дека тие биле:
Делата „Јинтоу шу“ (運斗樞) и „Јианминг бао“ (元命苞) ги наведуват како: Фу Сји и Нива биле богови-маж и жена од кои се смета дека потекнува човештвото по големата разорна поплава. За Шенунг се смета дека го измислил земјоделството и прв почнал да користи билки како лекови. „Шангшу тачуан“ (尚書大傳) и „Пајху тунги“ (白虎通義) ја заменуваат Нива со Сујжен (燧人), изумителот на огнот. „Диванг шечи“ (帝王世紀) ја заменува Нива со Жолтиот цар (黄帝), претпоставениот предок на сите (хански) Кинези . Петте царевиПетте цареви биле легендарни, морално совршени кралеви-мудреци. Според книгата „Записи на историчарот“ (Шеѓи) од Сема Ќен, тие биле:
Јао и Шуен се познати и како „Двата цара“, и, заедно со Ју Велики (禹), основачот на династијата Сја, се сметале за пример за владетели и морални архетипи од страна на конфуцијанците во подоцнежната кинеска историја. Делата „Шангшу Сји“ (尚書序) и „Диванг шеџи“ го наведуваат Шаошао (少昊) наместо Жолтиот цар. Во „Песната на Чу“ (楚辭) се опеваат петте цареви како богови на страните на светот:
„Книгата на обредите“ (禮記) ги поистоветува Петте Цара со Петте лози (五氏), кои се:
Во една смисла на зборот, првиот историски цар на Кина бил Ќин Ше Хуанг (秦始皇), кој го измислил поимот „цар“ (皇帝, хуангди) со комбинација на титулите „возвишен“ (皇, хуанг ) и „крал-бог“ (帝, ди). Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia