Тумбе Кафе![]() Тумбе Кафе претставува ридско - планински предел сместен на јужниот дел на градот Битола. Има голема значајност за градот, бидејќи е едно од познатите места за рекреација на битолчани. Поврзан е со битолското шеталиште и битолскиот најголем парк, така што доколку се шета од Широк Сокак надолу кон шеталиштето, на самиот крај на истото продолжува нагорнина, односно се влегува во ридот Тумбе Кафе. ЗнаменитостиНа ридот Тумбе Кафе се наоѓа и битолската зоолошка градина, која е убав додатен дел на рекреацијата. Исто така, од другата страна во подножјето се наоѓаат и Српските гробишта од Првата светска војна, Влашките гробишта и Буковските гробишта и стадионот на ФК Пелистер - Тумбе Кафе. Има две чешми за разладување, има мини - амфитеатар за одржување на културни манифестации со помал карактер, кафана која моментално е во руинирана состојба, а беше најпознато место за дружење во времето на СФРЈ, како и справи за вежбање и рекреација. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia