Турнеја (филм)

Сценографија од филмот
Дервента - детали за сценографијата на филмот „Турнеја“

Турнеја е српски филм од 2008 година во режија и сценарио на Горан Марковиќ. Снимањето започнало кон крајот на 2007 година во Република Српска, на локации во Шамац, Дервента, Приједор и Козарска Дубица, и бил завршен на крајот на февруари 2008 година.

Содржина на филмот

Дејството се случува во 1993 година, кога група белградски глумци кои започнуваат турнеја на подрачја кои се зафатени и се во воено подрачје. Тие талкаат од бојно поле на бојно поле и стапуваат во контакт со сите три завојувани страни.

Интересни факти

  • Горан Марковиќ пред десет години ја режирал истоимената претстава во театарот „Атеље 212 “.
  • Филмот бил номиниран за Оскар во категоријата „Најдобар филм надвор од англискиот јазик“ во 2008 година.
  • Музиката на филмот содржи песни од Баја Мали Книнџа (Ни метар повеќе) и Убавиот Миша (Станувајте мои роднини).

Награди

  • Филмот бил прикажан во 2008 година на фестивалот во Монтреал каде Горан Марковиќ бил награден за режија, а филмот добил награда за најдобар филм.

Несреќа за време на снимањето

За време на снимањето на филмот во Приједор, се случила несреќа кога чаура од куршум го погодила глумецот Богдан Диклиќ во главата.[1]

Наводи

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya