Тјенгунг (вселенска станица)![]() Тјенгунг (кинески: 天宮; пинјин: Tiāngōng; букв.: "Дворец на небото")[1][2] официјално Вселенска станица Тјенгунг (кинески: 天宫空间站; пинјин: Tiāngōng kōngjiānzhàn), е вселенска станица конструирана од Кина во нискоземската орбита, помеѓу 340 и 450 км над површината. Како прва долгорочна вселенска станица на Кина, таа е целта на „третиот чекор“ на кинеската вселенска програма за носење на екипаж во вселената. Откако ќе биде целосно завршена, Тјенгунг ќе има маса помеѓу 80 и 100 t, приближно една петтина од масата на Меѓународната вселенска станица и приближно со големината на деактивираната руска вселенска станица Мир. Изградбата на станицата се базира врз основа на искуството добиено од нејзините претходници, Тјенгунг-1 и Тјенгунг-2.[3][4][5] Првиот, односно централниот модул, Тјенхе („Хармонија на небото“), бил лансиран на 29 април 2021,[1][2] по што следеле повеќе мисии со и без екипаж, и два други модула кои треба да бидат лансирани во 2022.[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia