УЕФА Лига на шампиони 2012/13
УЕФА Лига на шампиони 2012/13 — 58. издание најсилниот Европски клупски фудбалски турнир, и 20. сезона во овој формат. Финалето се одиграло на стадионот Вембли во Лондон, Англија. ФИФА се определила за Лондон како признание за 150 годишнината на Фудбалскиот сојуз на Англија, најстариот фудбалски сојуз во светот. Ова е седми пат финалето да се игра на стадионот Вембли (стариот и новиот).[1][2] Титулата ќе ја бранеше Челзи, но заврши неславно откако испадна уште во групната фаза, завршувајќи на третото место зад Јувентус и Шахтиор Донецк. Распределба на тимови по асоцијацијаВкупно 76 тима ќе се натпреваруваат во 2012-13 Лигата на шампиони, од 52 УЕФА асоцијации (без Лихтенштајн кој нема домашно лигашко првенство). Распределбата на места на државите е одредена според УЕФА лига коефициентите од 2011, во кој се земаат во обзир перформансите во Европските натпреварувања од 2006-07 до 2010-11.[3] Подолу е квалификационата шема за 2012-13 УЕФА Лига на шампиони:[4]
Челзи, победникот на Лига на шампиони 2011/12, завршил на шестото место во Премиер Лигата, но според ограничувањето дека ниту една асоцијација не може да има повеќе од четири тимови кои играат во Лигата на шампионите, Челзи својот влез во овогодинешното натпреварување го заработил на грб на Тотенхем Хотспар, четврто-пласираниот тим во Премиер Лигата (кој ќе игра во УЕФА Европа Лигата). Рангирање на асоцијациите
Распоред
ТимовиЛигашката позиција од минатата сезона е покажана во загради, освен за Челзи кој е квалификуван како бранител на титулата.[5]
Календар на натпреварувањеСите жрепки се одржааа во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија, освен ако не е поинаку наведено.[7]
КвалификацииПрва квалификација рундаЖрепката за првата и втората квалификациона рунда била одржана на 25 јуни 2012.[8] Првите натпревари беа одиграни на 3 јули, а вторите натпревари на 10 јули 2012.
Втора квалификациона рундаПрвите натпревари беа одиграни на 17 и 18 јули, а вторите натпревари на 24 и 25 јули 2012.
Трета квалификациона рундаТретата квалификациона рунда е поделена во два одвоени делови: еден за шампионите и еден за нешампионите. Поразените екипи во двата делови се приклучуваат во плеј-оф рундата од УЕФА Европа Лигата. Жрепката за третата квалификациона рунда била одржана на 20 јули 2012.[9] Првите натпревари беа одиграни на 31 јули и на 1 август, а вторите натпревари на 7 и 8 август 2012.
Плеј-оф рундаПлеј-оф рундата е поделена во два одвоени делови: еден за шампионите и еден за нешампионите. Поразените екипи во двата делови се приклучуваат во групната фаза од УЕФА Европа Лигата. Жрепката за плеј-оф рундата била одржана на 10 август 2012.[10] Првите натпревари беа одиграни на 21 и 22 август, а вторите натпревари на 28 и 29 август 2012.
Групна фазаЖрепката за групната фаза била одржана во Монако на 30 август 2012.[11] 32 тима биле распределени во четири шешири засновани на коефициентот на клубовите од 2012. Бранителот на титулата, Челзи бил автоматски сместен во првиот шешир. Тимовите биле сместени во осум групи од по четири тима. Вкупно 17 национални асоцијации се застапени во групната фаза. Монпелје, Нордсјиланд и Малага ќе дебитираат во групната фаза.[12]
Група A
Група B
Група C
Група D
Група E
Група F
Група G
Група H
Нокаут фазаВо нокаут фазата, тимовите играат помеѓу себе во два натпревари (дома и гости), освен финалето кое се игра во еден натпревар. Жрепката за осмина-финалето ќе биде одржана на 14 декември 2012. Жрепката за четврт-финалето, полуфиналето и финалето ќе биде одржана на 15 март 2013. Во жрепката за осминафиналето, осумте победници во групите се носители, и осмуте второпласирани се неносители. Тимот-носител ќе игра против тимот-неносител, така што носителот го игра вториот натпревар на домашен терен. Тимовите од иста група или иста асоцијација неможат да играат помеѓу себе. Во жрепката за четврт-финалето и понатаму, нема носители, и тимовите од иста група и асоцијација можат да играат меѓу себе. Осмина-финалеЖрепката за осминафиналните натпрвари се одржа на 20 декeмври 2012.[13] Првите натпревари беа одиграни на 12, 13, 19 и 20 февруари, а вторите натпревари на 5, 6, 12 и 13 март 2013.
Четврт-финалеПрвите натпревари ќе бидат одиграни на 2 и 3 април,а вторите натпревари на 9 и 10 април 2013.
ПолуфиналеПрвите натпревари ќе бидат одиграни на 23 и 24 април, а вторите натпревари на 30 април и 1 мај 2013.
ФиналеФиналето било одиграно на 25 мај 2013 на Стадионот Вембли во Лондон, Англија.
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia