Унаи Емери
Унаи Емери Етксегоиен (роден на 3 ноември 1971 година) — шпански фудбалски менаџер и поранешен играч. Тој е сегашен менаџер на премиерлигашот Арсенал. После играчката кариера која главно ја поминал во Шпанската Сегунда Девизија, тој станал менаџер во 2005 година, почнувајќи со Лорка и Алмерија, пред да помине четири години со Валенсија, предводејќи го тимот до три трети места во Ла Лига. По краток период на клупата на Спартак Москва, Емери се преселил во Севиља во 2013 година, и го предводел клубот до три последователни титули во Европа Лигата. Во 2016 година, тој се преселил во францускиот ПСЖ, каде го освоил францускиот Куп, Лига Купот и Супер Купот во првата година. Во неговата втора година, тој ги освоил сите четири домашни трофеи, вклучувајќи ја титулата во Лига 1, Купот на Франција, Лига Купот и Супер Купот. Тој го напуштил Париз Сен-Жермен на крајот на сезоната 2017-18 година, и на 23 мај 2018 година било потврдено дека ќе биде нов менаџер на Арсенал. Ран живот и играчка кариераНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia