Универзитетски културен центарЗа центаротУниверзитетскиот културен центар организира настани, промовирајќи различни уметнички изрази прикажани преку низа: ликовни изложби, театарски претстави, филмски прикажувања, музички концерти, промоции на книги, списанија и други публикации, дебати, работилници, арт перформанси.
Организација за култраУниверзитетскиот културен центар е организиран на тој начин што ги покрива широките подрачја на културата и уметноста. Организацијата на овoј центар овозможува посветеност на повеќе области од сферата на театарот, музиката, ликовната уметност, книжевноста, фотографијата но и новите уметнички изрази и мултимедијални форми кои се негуваат подеднакво како класичните уметнички пристапи. Универзитетскиот културен центар е отворен за сите студенти и членови на академската заедница и постојано им дава поддршка на сите поединци кои сакаат да ги задоволат своите интереси, да ја канализираат својата креативна енергија и да ја запознаат јавноста со своето работење. АктивностиУниверзитетскиот културен центар работи според годишна програма која опфаќа голем број на културни и уметнички настани, пред сѐ сконцентрирани во текот на зимскиот и летниот центар. Културните и уметнички настани се реализираат во Мултимедијалниот центар на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип со капацитет од 330 седишта и извонредни технички можности. Мултимедијалниот центар на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е место каде се случуваат голем број на филмски проекции, концертни настапи, се одржуваат поетски читања, промоции, трибини и работилници од областа на културата и уметноста. Мултимедијалниот центар се користи и како активен простор каде се играат голем број на театарски претстави. На овој начин Универзитетскиот културен центар традиционално го организира Фестивалот на Театар и краток филм „КУЛТРА“, културната манифестација „УГД СЦЕНА“ , универзитетските филмски недели посветени на филмската кинематографија специфична за различни земји од светот итн. Универзитетскиот културен центар се грижи културните и уметнички настани да им бидат понудени на сите студенти на Универзитетот, токму заради тоа, покрај настаните во Штип, Универзитетскиот културен центар редовно организира културни и уметнички настани и во останатите градови каде Универзитетот има свои наставни центри. Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia