Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“
Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ (кратенка: УИНТ; англиски: University of Information Science and Technology (UIST) "St. Paul The Apostle") — државен универзитет, кој се наоѓа во Охрид, Македонија. УИНТ е основан од Собранието на Република Македонија со Акт за основање на Универзитетот за информатички технологии [1] во 2008 година. Во 2010 година, студентите од УИНТ го создадоа првиот суперкомпјутер во Република Македонија [2]. Меѓународниот карактер на универзитетот се забележува со фактот што УИНТ има мултикултурна популација на студенти од повеќе од 40 земји низ светот, вклучувајќи ги и домашните студенти. Повеќе од 450 домашни и странски студенти студираат на УИНТ. УИНТ има добиено акредитација за 15 додипломски и постдипломски програми и секоја од нив се спроведува на англиски јазик. Согласно академското рангирање на универзитетите во светот за 2013/2014 година, УИНТ е рангиран помеѓу првите 4 од 20 универзитети во Република Македонија [3]. УИНТ содржи пет факултети:
УИНТ има воспоставено меѓународна соработка и билатерални меморандуми за соработка со повеќе светски универзитети:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia