Уни банка АД - СкопјеУниверзална Инвестициона Банка АД Скопје, позната како УНИБанка, e македонска универзална банка, која, мерено според големината на активата, спаѓа во групата средни банки. Таа нуди широк спектар банкарски активности, почнувајќи од прибирање депозити, одобрување кредити на правни и физички лица, услуги во домашниот и во меѓународниот платен промет, до посредување во купопродажбата на девизи, хартии од вредност и друго.[1] Нејзиното седиште се наоѓа на улица „Максим Горки“, бр. 6, 1000 Скопје. ИсторијаБанката е основана на 30 април 1993 година како една меѓу првите банки по осамостојувањето на Македонија, под името Балканска банка а.д. Скопје. Согласно со регистрацијата, банката ги извршувала сите банкарски активности својствени за една универзална банкарска институција. Во јули 2003 година била извршена сопственичка трансформација на акционерскиот капитал на банката. Реализирана е нова емисија на акции во вкупен износ од 2,0 милиони ЕУР. Сопственичката трансформација и реализацијата на новата емисија на акции предизвикаа промена во структурата на акционерскиот капитал на Банката од 78,8%. Новото име на Банката е Универзална Инвестициона банка а.д. Скопје или УНИБанка. Банката има дозвола за вршење на сите банкарски активности согласно Законот за банки.[2] Основни податоци за банката
Акционери со квалификувано учество: Цеко Тодоров Минев. Акции кои акционерот ги поседува во Банката: 198.994 обични акции, што претставува 37,51% од вкупниот број обични акции, односно 36,45% од вкупниот број акции. Ивајло Димитров Мутафчиев. Акции кои акционерот ги поседува во Банката: 198.994 обични акции, што претставува 37,51% од вкупниот број обични акции, односно 36,45% од вкупниот број акции. Износ на запишан капитал: 545.987.000 денари Номинален износ на акциите: 1.000 денари Акционери кои немаат квалификувано учество: Вкупен број акционери кои немаат квалификувано учество во банката: 352 Вкупен број на обични акции кои ги поседуваат акционери кои немаат квалификувано учество: 132.457 обични акции [4] Финансиски активности кои банката ги врши
Сопственичка и организациона структураВо вкупната акционерска структура на банката, доминантни сопственици се двајца странски инвеститори, кои поседуваат повеќе од 75% од акциите.[5] УНИБанка организационо претставува систем кој функционира во функција на остварување на поставените стратешки цели и приближување до клиентот, преку работењето на:
Финансиски показателиВрз основа на ревидираните финансиски извештаи, подготвени во согласност со Методологијата пропишана од Народната банка на Република Македонија, во текот на 2012 година, Уни банка ги остварила следниве финансиски резултати од работењето.[7]
Истовремено, на 31 декември 2012 година, Уни банка ги имала следниве средства, обврски и капитал[7]
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia