Унтерлис
Унтерлис (германски: Unterlüß) — село и поранешна општина во округот Целе, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Од 1 јануари 2015 година е дел од општината Зидхајде. Се наоѓа околу 30 километри североисточно од окружниот град Целе и 25 километри југозападно од градот Илцен. ГеографијаМестоположбаУнтерлис се наоѓа во близина на Лисвалд, големо шумско подрачје со мешана шума. Кон општината припаѓале местата: Гехефте Алтензотрит, Линсхолц, Лутерло, Нојензотрит, Но-Лутерло, Нојшредерхоф, Шафстал, Шредерхоф, Зиденхолц и Терхоф. ИсторијаОд август 1944 до април 1945 година постоел подкамп на концентрацискиот камп Берген-Белзен во Унтерлис-Алтензотрит. Чувани од СС-војници, околу 600 затворенички биле принудени да ја чистат шумата или да работат во фабриката „Рајнметал“.[1]:204 Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia