Унштрут-Хајних (општина)
Унштрут-Хајних (германски: Unstrut-Hainich) — општина во округот Унштрут-Хајних, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Била создадена на 1 јануари 2019 година. Потекло на иметоИмето на општината доаѓа од реката Унштрут и ридскиот масив Хајних. ГеографијаМестоположбаОпштината се наоѓа во северниот дел на Тириншката Котлина и се состои од местата Алтенготерн, Флархајм, Гросенготерн, Херолдисхаузен, Милферштет и Веберштет, кои претходно биле самостојни општини. Во југозападниот дел се наоѓа ексклава на градот Бад Лангензалца и на општината Камерфорст. Соседни општиниУнштрут-Хајних се граничи со следниве градови и општини (од југозапад надесно): Камерфорст, Оперсхаузен, Милхаузен, Кернер, Нотертал-Хајлингер Хеен, Бад Лангензалца, Шенштет, Херзелберг-Хајних, Берка фор дем Хајних, Бишофрода, Лаутербах и Амт Кројцбург. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia