Уте (фински остров)Оваа статија е за финскиот остров, за шведскиот остров видете Уте (шведски остров). ![]() Уте (фински и шведски: Utö) ― мал остров во Архипелашкото Море во Балтичкото море и припаѓа на финската општина Паргас. Тој е најјужниот населен остров во текот на целата година во Финска. Уте има површина од 8,100 км2 и населението било околу 40 (согласно до 2005 година) ИмеИмето на островот, Уте , на шведски значи „надворешен остров“. ОписОстровот има светилник, насочувачка станица, мало пристаниште за гости, продавница и пошта. Островот е познат и по набљудувањата на морските временски услови кои започнале во 1881 година.[1] Поради оддалеченоста на островот, островот има свое мештанско училиште. Во поранешно време, финските одбранбени сили чуваале мала станица на островот, но го напуштиле островот во 2005 година. Островот е познат и како прва спасувачка станица од катастрофата на бродот Естонија во септември 1994 година, а исто така помогнала и во спасувањето на преживеаните од потонувањето на парниот брод „Парк Виктори“. КлимаГодишната просечна температура на Utö е 6.5 °C и годишни врнежи 549 мм (1981-2010) Просечниот период покриен со снег трае од 23 јануари до 15 март.[2] Областите на отворено море околу Уте се покриени со мраз приближно на секои пет години.[3] Ута има влажна континентална клима (Кепенова клас.) со студено до благо лето и умерено студено, многу долги зими кои траат подолго од блиската јужна континентална Финска поради сезонското заостанување предизвикано од Балтичкото Море. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia