ФК Сент Етјен
АС Сент Етјен Лоар (честопати се нарекува АС Сент Етјен или скратено АССЕ) е француски фудбалски клуб со седиште во градот Сент Етјен, Оверњ-Рона-Алпи. Клубот е основан во 1933 година и моментално игра во Лига 1, највисоката дивизија на францускиот фудбал. Сен-Етјен има освоено рекордни десет титули во Лига 1, како и шест титули во Купот на Франција, една титула во Лига купот и пет Суперкупа на Франција. Исто така клубот го има освоено и Лига 2 првенството - втората лига по ранг во Франција - во три наврати. Најголемиот дел од своите успеси Сент Етјен ги остварил во 1960-тите и 1970-тите години, кога клубот го воделе тренери како Жан Снела, Алберт Бате и Робер Ербен. Сент Етјен ги игра своите домашни натпревари на стадионот Стад Жофроа-Гишар. Најчесто играат во зелени дресови и бели шорцеви, а поради тоа имаат прекар Les Verts (зелените). Главен соперник на клубот е Олимпик Лион, со кого го играат дербито Рона-Алпи. Титули
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia