ФК Скопје
ФК Скопје — македонски фудбалски тим од Автокоманда кој моментално игра во Втора Македонска Фудбалска лига. Клубот игра на Стадионот Железарница. ИсторијаФК Скопје бил оформен во 1960 година, со соединување на двата скопски клуба, попознатиот ФК Металец и ФК Индустријалец. Со тоа настанува ФК МИК (Металска Индустрија Кале), кој подоцна се преименувал во ФК Скопје. Како ФК МИК две сезони настапувал во Втората југословенска лига - Исток (во која играле клубови од Македонија, Србија и Црна Гора), а во првата сезона го освоил 6-тото место. ФК Скопје бил член и на Првата македонска фудбалска лига, во која играл три сезони, сезоните 1997/98, 1998/99 и 2010/11. НавивачиНавивачката група на ФК Скопје, се популарните Пирати, кои главно доаѓаат од скопската населба Автокоманда.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia