Фазли Велиу

Фазли Велиу
Fazli Veliu
Лични податоци
Роден(а) 1 април 1945(1945-04-01)(80 г.)
Колари, ДФ Македонија, ДФЈ
Националност Македонец
Народност Албанец
Партија ДУИ
Роднини Вујко на Али Ахмети
Вероисповед Муслиман
Воена служба
Прекар Даја
Род ОВК
ОНА
Битки/војни Косовска војна
Воен конфликт во Македонија, 2001

Фазли Велиу (албански: Fazli Veliu) е роден на 1 април 1945 година во село Колари. Завршил албански јазик и литература во Приштина.

Се преселил во Швајцарија во 1968 година.[1] Се поврзал со Кадри Зека и браќата Јусув Гарвала и Бардош Гарвала за подготвување на соединување на четири албански противјугословенски групи од кои ќе се роди (ДАСРЈ) Движење за Албанска Социјалистичка Република на Југославија. Во 1985 година, тоа движење станало познато како Народно движење за Република Косово.

Фатен во Германија од Интерпол по барање за тероризам од Македонија (еден од организаторите на групата бомбаши), но со помош на министерот за правда Џевдет Насуфи тој не бил екстрадиран. Тој бил еден од творците на ОНА, како и политички претставник на истата.

На 24 јули 2001 година, тој бил ставен на македонскиот црн список на граѓани.[2], а на 27 јули е ставен ѝ на списокот на американскиот претседател Џорџ Буш[3]

По крајот на Судирот во Македонија, тој согласно новиот закон за амнестија, бил ослободен кривично.[4]

Фазли Велиу е познат е по прекарот „Даја“. Фазли Велиу е вујко на Али Ахмети.

Наводи

  1. „Бела Книга- Теророзмот на т.н. Ослободителна национална армија“, Министерство за Внатрешни работи, стр. 82
  2. „македонска црна листа“. Архивирано од изворникот на 2011-08-22. Посетено на 2010-12-25.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-16. Посетено на 2011-02-16.
  4. „А1 телевизија: Амнестирани Ахмети, Велиу и Шаќири“. Посетено на 16 февруари 2011.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya