Факултет за информатика - Штип
Факултет за информатика - Штип — факултет во рамките на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. ИсторијатУниверзитетот „Гоце Делчев“ и Факултетот за информатика, како негов составен дел, ја започнаа својата работа во учебната 2007/2008 година. Согледувајќи ја потребата од високоспецијализирани кадри од областа на информатичките науки во сите сфери на општеството и уште повеќе кадар кој ќе се вклучи во научноистражувачката работа на Универзитетот и понатаму ќе се вклучи во образувањето на идните генерации инженери од областа на информатичките технологии и софтверското инженерство. Организација и структураФункцијата декан на Факултетот за информатика ја врши проф. д-р Цвета Мартиновска, додека за продекан е избрана проф. д-р Александра Милева.[1]
Во состав на Факултетот за информатика успешно функционира Институтот за информатика Архивирано на 21 декември 2012 г., а како раководител на Институтот е назначен д-р Сашо Коцески. Прв циклус на студииСтудиската програма на Факултетот за информатика се заснова на Европскиот кредит-трансфер систем, што им овозможува подвижност на студентите од еден на друг универзитет во Европа. На студентот му се дава можност по завршување на трета година да добие стручно звање со кое може веднаш да се вработи во стопанството, а со завршување на четири години, студентот се стекнува со академско звање. Факултетот има соработка со водечките софтверски фирми во земјава.
Наставата на Факултетот се одвива преку предавања, аудиторски и лабораториски вежби. За проверка на знаењата во текот на семестарот се организираат по два колоквиума од секој предмет, со што студентите се мотивираат да учат континуирано и на крајот се изведува краен испит од предметот. Во текот на семестарот, студентите работат на проектна задача за што им се оставени на располагање најсовремени лаборатории и врз основа на сите овие активности, се оформува конечната оценка од предметот. Крајниот испит се полага на крајот од семестарот и на располагање се три редовни сесии во годината – јануарска, јунска и септемвриска.
По завршувањето на предвидените обврски од I до VIII семестар и успешно одбранета дипломска работа, студентот освојува 240 ЕКТС и се здобива со академско звање соодветно на студиската програма.
На Факултетот за информатика се применува нов пристап кон студентите и кон стекнувањето на знаење, усогласен со практиките и искуствата на факултетите во земјите на ЕУ и САД.
Според студиската програма на постдипломските студии на Факултетот за информатика, сите задолжителни и изборни предмети се распоредени во една или две студиски години, односно два или четири семестри со вкупно 60 или 120 ЕКТС.
Втор циклус на студииВо вториот циклус на студии на Факултетот за информатика се изучуваат следниве студиски програми[4]: Едногодишни студиски програми акредитирани во 2018/2019
Двегодишни студиски програми акредитирани во 2018/2019
Научноистражувачка и издавачка дејностОсвен наставната дејност, наставничкиот кадар на Факултетот се занимава со научна и апликативна дејност. Во тек се TEMPUS, еден билатерален проект со Р. Турција и еден со Н. Р. Кина. Исто така, се прават преговори со фирми од стопанството за кои ќе се работат апликативни проекти. Објавени се многу трудови во меѓународни и домашни списанија, како и трудови во меѓународни списанија со фактори на влијание:
Предметите од студиската програма се покриени со соодветни учебници, скрипти и авторизирани предавања, кои се во согласност со Правилникот за остварување на издавачка дејност во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и истите се доставуваат до постоечките универзитетски продавници. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia