Виорот го зграпчува венецот (од Самовилата Аурора)
Фантастика — жанр фантастична литература што вклучува натприродни или волшебни елементи, честопати вклучувајќи измислени места и суштества.[1][2]
Неговите корени се во усните традиции, кои прераснале во фантастична литература и драма. Од дваесеттиот век, се проширил понатаму во различни медиуми, вклучувајќи филм, телевизија, графички новели, манга, анимација и видеоигри.
Изразот фантастична литература често се користи и од страна на англофонските литературни критичари за да се осврне на овој жанр.[3][4][5][6]
Фантастиката се разликува од жанровите научна фантастика и ужаси по отсуството на научни или грозоморни теми, иако тие можат да се појават во фантастиката. Во популарната култура, жанрот на фантастиката претежно се одликува со средини што ја подражаваат Земјата, но со чувство на волшепство.[7]
Особини
Шоу за фантазија на скелетот (骷髏幻戲圖) од Ли Сонг (1190–1264)
Многу дела од фантастиката користат магија или други натприродни елементи како главен елемент на заплетот, тема или местото каде се одвива дејсвото.[8] Магијата, волшебници, вештерки и магичните суштества се вообичаени во многу од овие светови.[9]
Идентификувачка црта на фантастиката е употребата на наративни елементи од страна на авторот кои не мора да се потпираат на историјата или природата за да бидат разбирливи.[10] Ова се разликува од реалистичната фикција по тоа што реалистичната фикција мора да се придржува кон историјата и природните закони на реалноста, додека фантастиката не го прави тоа. При пишувањето фантастика, авторот користи градење светови за да создаде ликови, ситуации и поставки што можеби не се можни во реалноста.
Многу автори на фантастика користат фолклор и митологија од реалниот свет како инспирација; и иако друга дефинирачка карактеристика на жанрот на фантастика е вклучувањето на натприродни елементи, како што е магијата, тоа не се случува секогаш.
Фантастиката често се споредува со научна фантастика и хорор бидејќи тие се главните категории на шпекулативната фикција. Фантастиката се разликува од научната фантастика по веродостојноста на наративните елементи. Нарацијата за научна фантастика е малку веројатна, иако навидум можна преку логичка научна или технолошка екстраполација, каде што фантастичните наративи не мора да бидат научно можни.[10] Авторите мора да се потпрат на суспензијата на неверица од страна на читателите, на прифаќањето на неверојатното или невозможното заради уживање, со цел да напишат ефективни фантазии. И покрај големата зависност на двата жанра на натприродното, фантастиката и хоророт се разликуваат еден од друг. Хоророт првенствено предизвикува страв преку слабостите на протагонистите или неможноста да се справат со антагонистите.[11]
Класификација
Според темата (поджанрови)
Фантастиката опфаќа бројни поджанрови карактеризирани со одредени теми или опкружувања, или со преклопување со други литературни жанрови или форми на спекулативна фикција. Тие вклучуваат следново:
Бенгзијанска фантастика – фантастика со интеракции со познати историски личности во задгробниот живот, именувана според Џон Кендрик Бенгс
Apter, T. E. (1982). Fantasy Literature: An Approach to Reality. Bloomington: Indiana University Press.
Brooke-Rose, Christine (1981). A Rhetoric of the Unreal: Studies in Narrative and Structure, Especially of the Fantastic. Cambridge: Cambridge University Press.
Capoferro, Riccardo (2010). Empirical Wonder: Historicizing the Fantastic, 1660–1760. Bern: Peter Lang.
Cornwell, Neil (1990). The Literary Fantastic: From Gothic to Postmodernism. New York: Harvester Wheatsheaf.
↑ 10,010,1ed. Edward James and Farah Mendlesohn, Cambridge Companion to Fantasy Literature, ISBN0-521-72873-8Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „auto“ е зададен повеќепати со различна содржина.