Фацелија
Фацелијата е билка која е многу медоносна. Може во текот на мај-септември да се користи како пасиште за пчели. Тоа се постигнува во текот на 15-20 дена, постепено. ФацелијаФацелијата е билка која е многу медоносна. Може во текот на мај-септември да се користи како пасиште за пчели. Тоа се постигнува во текот на 15-20 дена, постепено. Приносот на мед и изнесува дури до 1000кг на хектар. Познати се неколку видови на фацелија. Најзастапена е Phacelia tanacetifolija која достигнува висина од 70-100цм. Таа е едногодишна зељеста билка. Целата билка е густо покриена со кратки гранчиња. Листовите се кратко засечени. Цветовите се виолетови и се наоѓаат на врвот од стеблото или напречните гранчиња. Phacelia campanularij е ниска билка со висина од 15-20цм. Листовите се во облик на срце, а цветот му е во облик на ѕвончиња, значително поголеми од претходните. Фацелијата припаѓа на семејството на hydrophyllaceaeи како таква е добродојдена за сите варијанти на плодоредот. Употреба'Phacelia tanacetifolija ' се користи како медоносна билка а се користи и кај мешаните цеќиња. Може да се користи и за зелено ѓубрење. 'Phacelia campanularija'е исто така медонсона билка, но поради убавиот цвет се користи како цвет во градина. Двете врсти имаат предност да цвеетаат пред сите билки. Истовремено тие цветаат кон крајот на мај. Бидејќи ова е медоносна билка потребено е да се собери семето за потребите од пчеларите. Цвета после 45-50 дена по сеењето. Цветањето трае 30-40 дена. Ако сеењето се поднеси во временски периоди, на поединечни парцели, може периодот на пасиштето да се продолжи во текот на целото лето, односно од мај до септември. Цветовите даваат обемен нектар и цветен прав. Приносите од мед од 1 хектар се од 150-300кг. Под поволни услови може да се постигне и до 1000кг мед по 1 хектар. Бојата на медот е светложолта или бела со пријатен мирис и вкус и со оддличен квалитет. Покрај за пасиште се користи и за примес на сено за стока. АгротехникаЗемјиште: Најдобро успева на квалитетно земјиште како што се карбонатни црни,ливадски црни и алувијални, но успева и на други видови земјишта. Предсеењето припремата треба да е поквалитетна,да се обезбедат услови за сеење. Важно е да се пред дрљањето не се нправи кора на земјата туку нежно да се помини.
Галерија
|
Portal di Ensiklopedia Dunia