Федериго Тоци
Федериго Тоци (италијански: Federigo Tozzi - 1 јануари 1883 Сиена - 21 март 1920 , Рим) бил италијански писател[1]. ЖивотописТој бил син на гостилничар. Првично работел како службеник во железница, но ја презел семејната гостилница по смртта на неговиот татко. Во 1911 година ја објавил својата прва книга поезија. Две години подоцна, тој започнал да работи на неговиот прв роман - „Со затворени очи “. Преку својата книжевна активност, тој го привлкол вниманието на писателот Лујџи Пирандело, кој постојано го го поддржувал. Тоци починал во 1920 година од комбинација на грип и пневмонија[2]. До ден денес го истакнуваат за прв италијански модернист. Според Итало Калвино, тој е еден од најголемите европски писатели со италијанско потекло. Неговиот стил е концизен и лаконски. Според Алберто Моравија, Тоци опишувал големи трагедии со едноставни зборови.[3]. Творештво
Наводи
Надворешни врски
Библиографија
|
Portal di Ensiklopedia Dunia